Никола Тодоров со совети за Мицкоски: Водиш на анкети, победи го СДСМ, непотребна е кавгата со Груевски

October 28, 2023
1 min read

реклама


Караницата меѓу Груевски и Мицкоски е непотребна. Вака смета поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој беше соговорник во емисијата „Анализа 21“ со Борјан Јовановски.

„Видете, мислам дека…Можеби и да немам некои информации, ставам една ограда на целата оваа работа, но мислам дека Мицкоски згреши што прв го нападна Груевски. Мислам дека Груевски немаше прв да го нападне Мицкоски, а уште помалку да го нападне ВМРО“, вели Тодоров,

реклама

Тодоров открива и дека Груевски е лут на Мицкоски.

„Никола е прилично гневен. Го гледам тоа. Прилично му е лут“, вели Тодоров.

реклама

„По што гледате?“, прашува Јовановски.

„По објавите што ги има“, одговара Тодоров.

реклама

Од студиото на ТВ21 испрати и порака до Мицкоски.

„А мислам дека не му е потребно тоа сега на Мицкоски. Тој води на анкети. Го има трасирано патот на еден начин до победата. Продолжи по тој пат. Прво и основно ти е победи го СДСМ. Па ако имаш нешто дигни телефон. Никола вистина ли е ова? Во услови кога Груевски секојдневно го напаѓаше СДСМ немаше потреба тој да тргне прв во таква битка, ако имал некакви информации и докази, тогаш можел да ги чува“, вели Тодоров.

Емисијата во целост е утре од 20 часот на ТВ21

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Подготвени сме да ги прифатиме датумите кои ќе ги понуди владата на ДУИ и СДСМ за прв круг претседателски и вториот заедно со парламентарни избори

Следно

Миликије Халими нова директорка на АД Аеродроми

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и
Go toTop