Никој не се произнесе за надлежен по зголемување на цените на одредени производи

March 10, 2024
1 min read

Предлог-законот за спречување на нефер трговски практики на 12 март ќе се најде на пленарна седница во Собранието. Дотогаш никој не смее да ги покачи цените на храната и пијалоците. Во меѓувреме, од Комисијата за заштита на конкуренција не сакаат да зборуваат зошто се уште не презеле мерки по поднесоците од пред 6 месеци. Одговор не добивме ниту од претседателката на Комисијата Ана Николоска.

Комисијата за заштита на конкуренцијата не сака да се произнесе пред да стапи во сила Законот против нелојална трговија, кој се очекува да биде изгласан на пленарна седница закажана на 12 март.

Иако некои од цените на прехранбените производи веќе се зголемија, државните инспекторати меѓусебно се обвинуваат. Никој не се произнесе за надлежен за турбулентната ситуација по укинување на мерката за загарантирани цени. Од Пазарниот и од Трудовиот инспекторат велат дека не можат да влијаат на намалување на цените на мало

„Предлог-законот е во собраниска процедура и со него првично е предвидено по одобрувањето да се вработат три нови лица кои ќе работат на негова имплементација. По усвојувањето на Законот против нелојална конкуренција, Комисијата ќе ја испита потребата од спроведување на нова систематизација со која ќе се утврди точниот број на работници потребни за спроведување на предметниот закон“, велат од Комисија за заштита на конкуренцијата.

Актуелен закон што може да помогне во овој вакуум период по отстранувањето на мерката на загарантираните цени е Законот за заштита на конкуренцијата.. Синдикалците, пак, апелираат до трговците да не ги злоупотребуваат цените.

Со предлог-законот, се обезбедува начинот за поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност, а на Комисијата ќе и бидат потребни цели 6 месеци да ги усогласи одредбите за спроведување на нејзините овластувања.

Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгоре угостителскиот објект во сопственост на државниот правобранител ,Aгрон Rечи

Следно

Седум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop