Никогаш повеќе Кери и Ѕверката- не сака ниту да ја погледне, ја откри причината зошто не зборуваат

January 22, 2026
1 min read

Нивната соработка траеше со децении, но денес, според актерот, повеќе нема никаква врска меѓу нив, пренесе Телеграф.

Нот неодамна го привлече вниманието на јавноста со несоодветен коментар на Инстаграм, во кој, како што многумина протолкуваа, јавно ја задеваше Сара Џесика Паркер, што дополнително фрли светлина врз долгогодишниот јаз меѓу нив.

Причината за раскинувањето што никој не го очекуваше

Како што откри актерот, познат по улогата на Ѕверката, контактот со Сара Џесика Паркер бил прекинат уште во 2021 година, откако против него беа упатени обвинувања за сексуален напад, кои тој целосно ги негираше. Потоа три жени изнесоа јавни обвинувања, а неговите колешки од серијата – Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис – издадоа заедничка изјава.

„Длабоко сме погодени од обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се јавија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека мора да било тешко и затоа ги пофалуваме“, рекоа актерките во тоа време.

„Сфатив дека таа повеќе не ми е пријателка“

Нот ја опиша оваа изјава како разочарувачка и нагласи дека во тој момент му станало јасно дека неговото пријателство со Сара Џесика Паркер е завршено.

„Изјавата што ја објавија изгледаше како чисто управување со брендот. Беше тажна, разочарувачка и изненадувачка. Мислам дека барем можеа да ми се јават и да ја слушнат мојата страна од приказната. Се познаваме со години, работиме заедно долго време“, рече актерот во подкастот „Навистина познати со Кара Мајер Робинсон“.

Тој додаде дека ниту една од неговите колешки не го контактирала и дека оваа ситуација му покажала кои се неговите вистински пријатели.

„Доколку ситуацијата беше обратна, апсолутно би ја повикал Сара“, нагласи Нот.

Коментар на Инстаграм што го запали интернетот

Контроверзноста дополнително се разгоре пред неколку дена, кога Нот објави фотографија од теретана на Инстаграм со пораката:

„Зае*би ги новите години“. Откако еден следбеник го праша: „Мислиш да ја е** Сара Џесика Паркер и нејзината награда?“, алудирајќи на наградата „Керол Бартнет“ што актерката неодамна ја доби, Нот кратко одговори: „Точно“.

Коментарот предизвика бројни реакции и потврди дека односите меѓу поранешните телевизиски партнери денес се далеку од пријателски.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Очилата на Макрон од 659 евра се хит- сите сакаат да ги носат, веќе се распродадени

Latest from Blog

Очилата на Макрон од 659 евра се хит- сите сакаат да ги носат, веќе се распродадени

Зголемената побарувачка за информации за моделот привремено ја собори официјалната веб-страница на францускиот луксузен бренд, додека пристапот до страницата останува отежнат. Иако очилата, со цена од 659 евра, привлекоа внимание како луксузен

Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и

ЛЕ: Ц. Звезда славеше во Шведска и обезбеди најмалку плеј-оф, Лион и Астон Вила се во 1/8-финале

Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во следната фаза од Лигата на Европа откако го победија Малме на гости со 0:1 во 7. коло од натпреварувањето. Во еден интензивен натпревар, дисциплиниран речиси

Ристовски: Субвенциите ги заменија ваучерите за поправедна распределба на средствата

Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Со ваучерите се добиваше лист хартија и
Go toTop