Никогаш не го отпишувај „кралот“: Реал преку Атлетико до полуфинале! (ВИДЕО)

January 27, 2023
1 min read

Реал Мадрид е последен патник во полуфиналето од Купот на Кралот, по победата во славното Ел Мадрилењо против Атлетико Мадрид по продолженија (3-1, 1-1 регуларен дел).

Извештај од натпреварот:

„Кралевите“ беа инфериорни во првото и дел од второто полувреме, но кога ги стигна заморот играчите на Атлетико, јасно беше што ги чека. Скоро цел натпревар водеа избраниците на Диего Симеоне, но на крајот не можеа против специјалистот за продолженија, Карим Бензема.

Уште во 19. минута Алваро Мората постигна гол против поранешниот клуб, по асистенција на Молина и така дојде до првиот гол во дербијата Ел Мадрилењо. Реал Мадрид немаше сериозни закани, само неколку обиди од далечина, а моторот на тимот Лука Модриќ константно грешеше и губеше топки. Карим Бензема беше невидлив во првиот дел, ама во вториот дел работите се сменија.

Атлетико држеше топка и предност се до 79. минута, кога златната замена на Карло Анчелоти, Родриго, влезе во казнениот простор и атрактивно погоди за израмнување. Оттогаш се распадна целата концепција на гостите, па имаа среќа што мечот замина во продолженија. Проблемите за Атлети продолжија кога Стефан Савиќ доби два брзи жолти и мораше да го напушти теренот. Просторот го искористи специјалистот за голови во продолженијата, Карим Бензема, кој погоди во 104. минута и донесе 2-1. Анчелоти потоа ја затвори играта, играше доста претпазливо, а откако Атлетико се отвори, Винициус во самиот финиш погоди за 3-1.

„Кралевите“ ќе го добијат противникот на ждрепка. Во полуфиналето се наоѓаат уште Барселона, Осасуна и Атлетик Билбао.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца

Следно

Палудан вети дека секој петок ќе пали Куран

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop