Нигерија: Во бродолом на реката Нигер загинаа најмалку 103 лица

June 14, 2023
1 min read

АБУЏА (АА) – Најмалку 103 лица загинаа во бродоломот што се случи на реката Нигер во африканската држава Нигерија, пренесува Анадолу.

Портпаролот на полицијата Окасанми Аџаји соопшти дека на реката Нигер во понеделникот потонал чамец со луѓе што враќале од свадба, информирајќи дека во несреќата животот го загубиле најмалку 103 лица.

Тој истакна дека десетици луѓе се спасени, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по големиот број исчезнати.

Локалните медиуми известуваат дека во моментот на несреќата во чамецот имало близу 300 лица, а до несреќата дошло откако пловилото удрило во дрво во реката.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган за шведската кандидатура за НАТО: Шведска мора да го направи својот дел во борбата против тероризмот

Следно

„Македоника литера“ ја објави книгата раскази „Оган во снегот“ од хрватскиот писател Лука Вукушиќ

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 81,25 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 14–18.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 81.254.481 денари: 67.918.931 денари со акции преку редовно тргување, 20.405 денари со

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на
Go toTop