Ни требаат ли уште трговски центри? Владата ги прошири намените на унгарскиот кредит за фирмите

January 24, 2025
1 min read

Владата донесе одлука за проширување на намените на унгарскиот кредит од 250 милиони евра, кој првично беше насочен кон зголемување на производството, извозот и бројот на вработени. Сега, средствата ќе можат да се користат и за изградба на трговски центри и проекти за обновливи извори на енергија, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Доколку не го направевме ова проширување, постоеше ризик дел од средствата да останат неискористени. Анализите покажуваат дека годишната потреба на економските оператори за заеми изнесува околу 250 милиони евра. Ограничувањата би значеле помала искористеност на средствата, што би било на штета на стопанството“, изјави Мицкоски при посетата на Петровец, каде што промовираше изградба на пат финансиран со дел од кредитот.

Иако првичните најави беа дека стопанството ќе ги добие парите до ноември, па до крајот на годината, потоа после празниците, ремиерот потврди дека договорите помеѓу Владата, Развојната банка и останатите банки се веќе подготвени и се очекува процедурата да биде завршена до крајот на месецот. Компаниите ќе можат да поднесуваат барања за финансирање веднаш потоа.

„Со проширувањето на намените, ги отвораме вратите за економските оператори да реализираат проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз домашниот бруто-производ и македонската економија“, истакна Мицкоски, повикувајќи ги компаниите да подготват проекти и да аплицираат за финансирање.

Покрај овој кредит, Мицкоски се осврна и на повлечените 500 милиони евра од унгарскиот заем, кои беа наменети за рефинансирање на државните долгови. Според него, овие средства веќе се искористени за враќање на еврообврзницата од 2018 година.

Иако средствата од унгарскиот кредит беа првично планирани за финансирање на инвестиции во производствени капацитети, наменети за инвестиции во опрема, машини и фабрики, што би било корисно за развој на производството и создавање нови работни места, премиерот Христијан Мицкоски неодамна најави дека тие ќе можат да се користат и за изградба на трговски центри.

Со тоа се поставува прашањето дали на вистински начин ќе се искористат овие пари за развој на производството, а не за промоција на трговски и комерцијални интереси кои можеби нема да донесат директни економски бенефити за сите граѓани.

Според информациите на од банкарскиот сектор, фирмите парите ќе ги добијат на почетокот на февруари.

Фирмите кон банките ќе плаќаат каматна стапка од 1,95%, што ќе им овозможи на банките да ги покријат своите кредитни ризици, но сепак каматата од 3,25% што ќе биде плаќана кон Унгарија ќе биде покриена од буџетот, што значи дека и граѓаните ќе учествуваат во покривањето на трошоците за кредитот наменет за бизнисот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жално е што Филипче, како поранешен министер, се одлучи да го брани Паноски во име на СДС, наместо да ја брани вистината и транспарентностa

Следно

Оштетени возила на Националниот парк Шар Планина – од таму прашуваат: Кому му пречат успесите?

Latest from Blog

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –
Go toTop