„Ни крив ни должен можеш да загинеш“, скопјанец кој настрада во несреќа на скопскиот кеј на твитер го раскажа несреќниот настанот

June 11, 2023
1 min read

Несреќен настан кој заврши со тешки повреди кај едно лице се случи вчера на скопскиот кеј. Министерството за внатрешни работи, утрово информираше за настанот, а Кирил Ефремовски кој е повреден во несреќата на твитер го раскажа истиот. Тој со тешки повреди бил подложен на оперативен зафат, а лицето кое ја предизвикало несреќата го напуштило местото на настанот. 

Министерството за внатрешни работи, утрово информираше дека вчера во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кејот на реката Вардар на подрачје на Центар се случила несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил К.Е. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопјанецот, Кирил Ефремовски на твитер го раскажа целиот настан што се случил кога неосветлен велосипедист буквално „се забил“ во него, по што без повреди и без да повика Итна помош го напуштил настанот.

„Пред 11,5ч на стаза од лева страна на патеката, на 30 метри пред мостот кај „Систина“ без светла ми се заби друг велосипедист ја возев десно… сѐ се случи за помалку од 5 секунди… по шокот од повредата сфатив дека ми е скрешена рака (коската излезена) повреда на око, лице и усни“, раскажува Кирил во еден твитовите.

Тој додава дека човекот кој управувал со другиот велосипедист бил во поголема паника и покрај тоа што поминал без повреди.

„Типот што ми се убута и ме удри испаничи повеќе иако нему не му беше ништо видливо. Не сакаше да викне 194, јас со крварења и скроз пукната рака вртев и после се појави една девојка. Типот дури стаса брза помош избега, си замина кон Карпош 4  “, додава тој во својата објава.

Пренесува дека по повредата итно бил подложен на оперативен зафатан, а операцијата траела цели три часа и додава дека некогаш „ни крив ни должен“ можеш да настрадаш како резултат на туѓото невнимание. Упатува благодарност до девојката кој трчала и дечко со тиркезен скутер кои случајно се нашле на местото на настанот и помогнале во целата ситуација. 

Вели дека во Скопје се повеќе живеат дивјаци, преваратни, луѓе без никаква одговорност и сообраќајна култура. Ова само покажува дека ниту крив ни должен можеш за секунда да заминеш од овој свет, и тоа на велосипедска патека. 

На крајот упатува благодарност за хуманоста и натчовечките напори до докторката Милена Стевановиќ и бара од Министерството за внатрешни да преземе мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Движењето Европа сега освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора

Следно

Хусем Оар е нов играч на Рома

Latest from Blog

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“
Go toTop