НГИ ,,Коалиција на Египќани“: Египќаните во Македонија положуваат големи надежи во Мицкоски

February 6, 2025
1 min read

Припадниците на посебната, автентична и автохтона заедница на Египќаните во Македонија, положуваат големи надежи во Премиерот Христијан Мицкоски, во насока на институционална интеграција и севкупна општествена интеграција на Египќаните.

-Долги години од осамостојувањето на Македонија, како самостојна, суверена и независна држава, припадниците на етничката заедница Египќани, како лојални граѓани дале огромен придонес во развој на мултиетничката демократија, како и унапредување на демократските процеси во Македонија, но за жал, нема ниту 1 деклариран Египќанец кој е вработен согласно одредбите на Охридскиот Рамковен Договор, нема нивна соодветна и правична застапеност, нема перспектива за мојот народ Египќаните во Македонија, и како последица на тоа, имаме голем број на младо, образовано и работоспособно население од Египќани/ки кои заминуваат во странство во потрага на подобар живот. Сите наши надежи ги положуваме во Премиерот на Владата на Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски, со кого имаме одлична соработка и пријателство, дека ќе помогне во насока на институционална интеграција на Египќаните, фер шанса и можности , а се со цел младите кадри на Египќани/ки да останам во Македонија и тука да придонесуваат како за себе така и за единствената татковина Македонија, истакна лидерот на НГИ ,,Коалиција на Египќани“, Демир Далип.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уличен форум „зошто нашите градови се небезбедни“ – во недела во 12 часот ќе се затвори раскрсницата пред Зоолошката градина

Следно

Грција прогласи вонредна состојба на Санторини

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop