Незнаењето го плаќаме со живот: Порака од човек кој работел на железничката станица во Илинден

February 27, 2023
1 min read

Завчера голема трагедија ја потресе македонската јавност, откако 14-годишно девојче почина како последица на струен удар на железничката станица во скопската населба Илинден.

Спасе, кој 35 години работел на железничката станица, во разговор со „Клан Македонија“ открива зошто е опасно човек да се качува над вагоните.

– Горе има непрекината струја. Не е важно дали има воз или не. Ако се качиш во близина на струјните кабли, откако ќе влезеш на 1,5 метри во таа опасната зона, нема спас… Имаше уште една жртва, човек умре пред мои очи, раскажува Спасе.

Спасе има апел до младите кои си ги ризикуваат животите за да снимат видео за социјалните мрежи.

– Не се качувајте на вагони. Незнаењето го плаќаме со живот, вели Спасе.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелскиот претседател го осуди нападот на израелските доселеници во Наблус

Следно

Зеленски разреши висок воен командант на украинската војска

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop