Незаборавно музичко патување со Роман Симовиќ, концерт-мајсторот на Лондонскиот симфониски оркестар и „Профундис“

October 17, 2023
2 mins read

Виртуозот од светски ранг, Роман Симовиќ, синоќа заедно со камерниот оркестар „Профундис“ присутните во големата сала на Филхармонијата ги одведе на незаборавно музичко патување.

Публиката имаше можност да ја проследи изведбата на Соната за гудачи IV став од Вилијам Волтон, Серенада за гудачки оркестар од Вилијам Лојд Вебер, Фантазија на тема од Томас Талис од Ралф Вилијамс и Четири годишни времиња во Буенос Аирес (за соло виолина и гудачки оркестар)- Лето/ Есен/ Зима/ Пролет од Пјацола. Симиќ на „Профундис“ им се придружи во изведбата на последното дело, а по долгите аплаузи неколку пати се врати на бис.

Трите В (W) од синоќешната програма – Вилијамс, Волтон и Лојд Вебер во различни сфери на музичката култура на својата земја се од големо значење за нејзиниот комплетен лик и углед, а изведбата на нивните дела во салата на Филхармонија е од несомнено значење за целокупната култура во Македонија.

Брилијантниот Роман Симовиќ, виолинист по потекло од Црна Гора, поседува вродена музикалност и безгранична имагинација, кои го носат низ сите континенти, настапувајќи во најпрестижните сали како: Големата сала на конзерваториумот „Чајковски“, салата на театарот „Марински“ во Петерсбург, Операта на Тел-Авив, салата „Викторија“ во Женева, Барбикан центарот во Лондон…

Роман Симовиќ е добитник на бројни награди на меѓународни натпревари, меѓу кои најзначајни се успесите на: натпреварот „Родолфо Липиѕер“ во Италија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, натпреварот „Јамполски“ во Русија и „Хенрик Виењавски“ во Полска, кои го истакнуваат како еден од водечките виолинисти на неговата генерација. Како солист Симовиќ настапува со некои од водечките светски оркестри: Лондонскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на театарот „Марински“, Симфонискиот оркестар „Нова Скотија“ во Канада, Камерниот оркестар „Франц Лист“ во Унгарија, Камерата Берн во Швајцарија, Камерата Салцбург во Австрија, Филхармонијата на Прага, со диригенти како: Валериј Гергиев, Антонио Папано, Даниел Хардинг, Џинандреа Носеда, Кристијан Јарви, Пабло Ерас-Касадо, Николај Знајдер… Роман исто така настапува на повеќе реномирани фестивали како: фестивалот во Вербие, „Бели ноќи“ во Петерсбург, Велигденскиот фестивал во Москва, Дубровничкиот летен фестивал, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Московска зима“ во Русија, фестивалот во Гранада… Тој соработува со уметници како: Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Каписон, Табеа Цимерман, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсуа Леле, Итамар Голан, Симон Трпчески, Жанин Јансен, Џулијан Рахлин… Роман Симовиќ исто така е активен член и основач на истакнатиот гудачки квартет „Рубикон“. Тој исто така редовно држи мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореа, Србија, Црна Гора, Израел.

Роман настапува на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година, која е во сопственост на Џонатан Моулдс, претседател на Банката на Америка и е концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар.

„Профундис“ со синоќешниот концерт ја круниса концертната сезона со ексклузивното гостување на прославениот концерт-мајстор и под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ изведоа концертен спектакл насловен „РОМАН“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: До 2018 година имаше паралелен увоз на лекови, потоа се смени законот

Следно

Дали демократијата стварно треба да му се радува на Туск?

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop