Нетфликс ќе прави попис

February 11, 2023
2 mins read

Јас тебе Нетфликс, ти мене ХБО, уште да најдеме некој со Дизни и Амазон и сите ќе гледаме сè со само една претплата. Така отприлика функционира шемата со видео платформите на интернет кои со една претплата за домаќинство обично овозможуваат гледање на пет уреди. Нетфликс и тоа ограничување го имаше укинато.

Бидејќи пет уреди обично се премногу, „вишокот“ пасворди оди кај пријатели и роднини. 

Не дека во Нетфликс беа среќни со ова, но не се занимаваа многу со тоа кога бројот на претплатниците стабилно растеше достигнувајќи 220 милиони пред една година. За пет години удвостручен број. Додека сервисот се ширеше, имаше побитни работи отколку шерувањето лозинки. Но, војната во Украина доведе до (политичка) одлука за прекин на работата во Русија, што значеше губење на 700.000 корисници преку ноќ.

За првпат плановите за растот потфрлија, тоа го детектираа берзите со пад на акциите и нервозата кај акционерите порасна. 

Во меѓувреме, и конкуренција јакнеше: Дизни се фалеше дека се приближуваат до 200 милиони, тука некаде е и Амазон а ХБО Макс само малку заостанува. Просторот за раст стана тесен за сите кои сакаат да го освојат па Нетфликс реши да зафати од друг бунар: оние кои веќе го користат, само што не плаќаат.

Проценуваат дека такви домаќинства има околу 100 милиони во светот а тие од таквите губат 6 милијарди долари годишно. Доволен мотив за акција.

Вакви идеи се почнуваат на мали пазари па корисниците во Чиле, Костарика и Перу добија известување дека секој месец ќе мора да ги верификуваат сите уреди на кои им е инсталиран Нетфликс, и тоа од матичната ИП адреса.

Тоа значи дека секој уред ќе мора еднаш месечно да се приклучи на сервисот од адресата која е пријавена, бидејќи интернет адресата и физичката адреса обично се поклопуваат. Ако се користи Нетфликс од мобилен телефон, ќе мора да му се пристапи од дневна, каде што се наоѓа „матичниот“ телевизор. Ако пак се користи од телевизор кој е на на друго место, тогаш проблем. Освен ако не ве мрзи еднаш месечно тој телевизор да го носите на примарната адреса како би се реактивирал, објаснува Зоран Станојевиќ.

Ќе им тука проблеми и за Нетфликс. Оние повештите ќе користат ВПН но тие се малку а и Нетфликс е навежбан во ловење ВПН-и. Им останува проблемот да ги убедат корисниците во нивната дефиниција за домаќинство со една физичка адреса, бидејќи има и поинакви случаи (некој е на студирање, некои живеат на повеќе места, некои работат на други места) и што прави со сите тие податоци за луѓето во домаќинството, а ќе знаат во секој момент каде се наоѓаат членовите на домаќинството и што гледаат, не ни мораат да бидат поврзани на сервисот, доволно е да се на мрежа.

Можно е ова да заврши со зголемена претплата (од 1,7 до 2,9 долари) за оние кои не сакаат да бидат врзани со една физичка адреса. За оние што частат пасворди тоа ќе значи дека ќе частат поскапо, или пак ќе им кажат на частените и тие да се учипат некој денар.

Ако не па – се враќаме на торенти.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наутро студено, преку денот сончево со мала облачност

Следно

Ново издание на 360°: За 61 % од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ членство во ЕУ не е добра работа, за 81 % од гласачите на СДСМ Бугарија е закана за земјава

Latest from Blog

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

СКОПЈЕ (АА) – Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу. Тој бил
Go toTop