Нетанјаху: Немаме друг избор освен да продолжиме да се бориме

December 25, 2023
1 min read

Палестински функционер запознаен со преговорите за прекин на огнот за Би-би-си изјавил дека Египет претставил нов план во три фази што ќе започне со двонеделно хуманитарно примирје, кое може да се продолжи, а за кое Хамас ќе треба да ослободи 40 заложници, а Израел 120 палестински затвореници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел плаќа многу висока цена за војната во Газа, пренесува Си-ен-ен.

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Според него, минатата сабота била еден од најсмртоносните денови од почетокот на војната во Газа, но посочил дека немале друг избор освен да продолжат да се борат.

„Ова е тешко утро, по многу тежок ден на борби во Газа“,

рече тој.

Но, посочи и дека неговите сили ќе продолжат да војуваат до крај, повторувајќи ги своите цели за елиминација на Хамас и обезбедување безбедно враќање на заложниците кои се држат во Газа.

„Нека биде јасно, ова ќе биде долга војна“,

додаде израелскиот премиер.

Во меѓувреме, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека пред два дена 70 луѓе биле убиени во напад врз бегалски камп.

„Повеќе од 20.000 луѓе се убиени – главно жени и деца, а 54.000 се повредени во Газа од 7 октомври“,

соопшти Министерството.

Израелската операција започна откако борците на Хамас преминаа од Газа во јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1 200 луѓе и зедоа околу 240 заложници.

Израел инсистира да преземе чекори за да избегне цивилни жртви и го обвинува Хамас дека се вградува во густо населените области.

Според Белата куќа, Американскиот претседател Џо Бајден во разговор со израелскиот премиер ја нагласил потребата да се заштитат животите на цивилите.

Бајден изјави и дека не побарал прекин на огнот.

Во петокот, Советот за безбедност на ОН одобри резолуција со која се бара испорака на помош од големи размери за Газа.

Разговорите одржани во Египет беа со цел да обезбедат ново примирје меѓу Израел и Хамас, но тие досега не дадоа резултати.

Палестински функционер запознаен со преговорите за прекин на огнот за Би-би-си изјави дека Египет претставил нов план во три фази кој ќе започне со двонеделно хуманитарно примирје, кое може да се продолжи, а за кое Хамас ќе треба да ослободи 40 заложници, а Израел 120 палестински затвореници.

По оваа фаза би следело формирање на независно тело кое ќе се занимава со хуманитарна помош и реконструкција, како и сеопфатен прекин на огнот и размена на затвореници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски за укинувањето на „Десна“: Надлежните за санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија, веднаш да си ја завршат работата

Следно

„Ние сме со Европскиот фронт“ – Меџити: Алијанса за Албанците е одлучувачка

Latest from Blog

Мбапе двапати одбивал понуди од Манчестер Јунајтед, еве зошто…

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Пред да го облече дресот на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше желба на многу европски гиганти, а меѓу најупорните во намерата да го доведат бил Манчестер Јунајтед. Сепак, Мбапе

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Нова инвестиција и до 300 нови работни места се очекуваат во Прилеп со проширувањето на производните капацитети на компанијата WIK во ТИРЗ Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на

Општина Битола: Новата ресурсна соба во „Ѓорѓи Сугарев“ ставена во функција

Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола денеска беше ставена во функција новата ресурсна соба, наменета за поддршка на учениците и унапредување на инклузивната практика во училиштето. На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола

ПОРНО ЅВЕЗДА, ПРИПАДНИК НА СЕКТА И ФУНКЦИОНЕР НА „ШТАЗИ“ на пратеничката листа на АФД

Тринаесет години по своето основање, германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) прави силен обид да се наметне како сериозна владејачка опција. Изгледа дека напорите за бришење на врските со неонацизмот и

Божиновска: Македонија има минерален потенцијал кој мора научно да го истражиме и ставиме во функција на развојот

Каталог на минерални суровини, нови истражувачки капацитети, критични минерали и македонскиот рубин меѓу приоритетите на соработката. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со раководството и
Go toTop