Нетанјаху: Иран ќе плати „многу висока цена“ за нападите врз израелските цивили

June 15, 2025
1 min read

Иран ќе плати „многу висока цена“ за намерните напади врз израелските цивили, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Бат Јам, јужно од Тел Авив, каде што во ирански ракетен напад загинаа најмалку шест лица.

– Ќе ја постигнеме нашата цел и ќе им зададеме тежок удар. Ќе ја почувствуваат силата на нашата рака. Ракетната програма на Иран претставува егзистенцијална закана за Израел. Само помислете што би се случило ако Иран имаше имаше нуклеарно оружје што би можел да го лансира врз израелските граѓани, рече Нетанјаху, пренесува ДПА.

Две деца се меѓу шестемина убиени од иранска ракета што погоди станбен блок во градот денеска во раните утрински часови. Спасувачки екипи во урнатините трагаат по уште седуммина кои сè уште се водат како исчезнати.

Според официјалните израелски извештаи, најмалку 13 лица се убиени, а 390 повредени во иранските напади кои беа изведени како одмазда за израелските напади од раните утрински часови во петокот врз цели во Иран.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со Хајмлихов зафат спасена мачка која имала заглавено храна во трахеата

Следно

Се разгледува финансирање на нов Клинички центар, од понеделник почнува мапирање за нови здравствени установи

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop