Се разгледува финансирање на нов Клинички центар, од понеделник почнува мапирање за нови здравствени установи

June 15, 2025
1 min read

Повторно заживеа идејата за изградба на нов Клинички центар. Министерот за здравство Азир Алиу очекува проектот да биде финансиран со парите за проектно финансирање кои на Македонија и се ставени на располагање преку договорот со Велика Британија тежок шест милијарди евра. На здравствениот сектор ќе му припадне една милијарда евра. Алиу беше прашан кои локации се во игра за изградба на нов Клинички центар, откако претходно пропаднаа обидите во Злокуќани, Ѓорче Петров, кај касарната „Илинден“, но и на местото на актуелниот, во центарот на Скопје.

„Освен тоа, имаме и други фондови коишто во моментов ги анализираме – инфраструктурно ние мора да се екипираме, затоа една од работите што веќе ќе ги почнеме од понеделник е мапирање, бидејќи не е само Клиничкиот центар. Ние имаме и во другите градови или инфраструктура којашто не е достојна за здравје, здравство и за таков сервис на граѓаните или недостаток на човечки ресурси ии недостаток на техничка инфраструктура внатре.“, вели Алиу.

Неодамна премиерот Христијан Мицкоски откри дека новиот Клинички центар би се градел на нова локација, а овој што сега функционира ќе биде реновиран и реконструктуиран. Мицкоски очекува новиот центар да биде поевтин од претходниот проект, кој се очекуваше да нè чини до 480 милиони евра.

„Треба да видиме врз основа на проектот којшто го замислуваме – колку легла ќе има, каков тип на опрема ќе биде вградена и така натаму, но секако ќе биде барем за стотина до 150 милиони евра поевтин од тој којшто претходно го промовираше претходната Влада пред неколку години.“, вели Мицкоски.

Инаку, од средствата кои произлегуваат од договорот со Британија, најавена е изградба на Клинична болница во Штип, како и зграда за медицинскиот факултет и студентски дом, изградба на болницата во Кичево и реконструкција на онаа во Тетово. Овие проекти би чинеле нешто над двесте милиони евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху: Иран ќе плати „многу висока цена“ за нападите врз израелските цивили

Следно

Израел од воздух продолжува да го напаѓа иранскиот главен град Техеран

Latest from Blog

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките
Go toTop