Нетанјаху го пофали планот на Трамп за преземање на Газа

February 6, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) — И покрај жестоките меѓународни критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа, велејќи дека тоа е прва добра идеја што ја слушнал, пренесува Анадолу.

Во интервјуто за „Фокс њуз“ Нетанјаху изрази поддршка за планот на Трамп, велејќи дека со него ќе им се овозможи на „оние што сакаат да заминат од Газа, да заминат“.

„Што има лошо во тоа? Тие може да заминат, па да се вратат, може да се преселат и да се вратат. Но Газа треба да се обнови“, рече тој.

Газа е опустошена по 15 месеци жестока израелска офанзива, во која се убиени над 47.000 Палестинци. Повеќето медиуми наведуваат дека планот, всушност, подразбира присилно иселување на Палестинците од Газа.

Во вторникот Трамп изјави дека Палестинците „немаат друга алтернатива“ освен да ја напуштат Газа, велејќи дека тоа е „голем куп урнатини“ и дека тие ќе бидат преселени, а САД ќе ја преземат контролата врз Газа и ќе ја развијат во нешто „величествено“.

За контроверзниот план Нетанјаху рече: „Ова е прва добра идеја што сум ја слушнал, забележителна идеја и мислам дека треба навистина да се следи, да се разгледа и да се спроведе.“

Нетанјаху додаде дека планот „ќе создаде поинаква иднина за сите“.

Тој не прецизираше колку години ќе бидат потребни за обновување на Газа или кога луѓето би можеле да се вратат.

Нетанјаху, исто така, потврди дека Трамп не предложил САД да го финансираат планот, туку дека тоа ќе го сторат „соседни и богати држави“, без да прецизира кои држави би биле вклучени.

Во врска со можноста американски војници да бидат пратени во Газа, Нетанјаху нагласи дека Трамп не мислел на тоа војниците на САД да се борат против Хамас, истакнувајќи дека борбата против Хамас е „обврска на Израел“.

Трамп, во вторникот на прес-конференцијата заедно со Нетанјаху, изјави дека „САД ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа“ откако Палестинците ќе бидат преселени на други места.

Трамп повеќепати предложи Палестинците од Газа да бидат примени од арапските држави од регионот, како Египет и Јордан, идеја што е одбиена и од арапските држави и од палестинските лидери.

Предлогот доби глобална осуда, вклучително и од земји од Блискиот Исток, Европа и пошироко, како Кина, Туркије, Палестина и Саудиска Арабија. Некои планот го нарекоа „етничко чистење“.

Предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Газа дојде по стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа на 19 јануари, со што беше прекината израелската војна во која се убиени над 47.000 луѓе, повеќе од 111.000 се повредени и уништена е јавната инфраструктура.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерот Стоилковиќ оствари работна средба со претседателот на КСЗД

Следно

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор

Latest from Blog

Претрес во општина Кочани, градоначалникот на слобода! – Тошковски разреши 7 локални полициски началници

Три дена по трагедијата во Кочани, полицијата влезе  во зградата на Општината, при што беа одземени досиеја поврзани со дискотеката „Пулс“, во која загинаа 59 лица, а 196 беа повредени. Но, на

Граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на обезбедувањето што спасувало

Од плоштадот граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на тие кои спасувале луѓе од пожарот Група на граѓани од плоштадот во Кочани се упати пред Судот, каде што го

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип. Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата

Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во
Go toTop