Несогласувања во тетовското муфтиство: Еденгодишен конфликт меѓу верски личности

November 12, 2024
1 min read

Продолжуват несогласувањата во тетовското муфтиство. Муфтијата Ќани Несими вели дека никогаш не го спречил Селвер Џемаили да оди на работа, но додаде дека тој не е избран од Собранието на Муфтиството. Според Несими тој се плаши да оди на работа бидејќи е избран на антиуставен начин.

-Дека Селвер е спречен да влезе во оваа институција не е вистина. Има одлука на органите и муфтиството дека не го признава и не дозволува да влезе во муфтиството. Селвер нема работа со мене, јас имам работа со Реисот кој на антиуставен начин ме разреши. Селвер има работа со Собранието на муфтиството за носење одлуки за да предлага кандидат за муфтија, не да биде импониран од Шаќири, Ријасетото и Селвер. Јасно е дека никој физички не го спречува, но Селвер знае дека е противуставен и против законски и затоа стравува да доаѓа во институцијата, изјави Ќани Несими, тетовски муфтија.

Несими зборуваше и за парите што ги спомна Селвер, велејќи дека тие се негов личен долг и дека е ниска сума за да се спомнува јавно.

-Жал ми е што Селвери паднал толку ниско. Срам да му е. Ги спомнува моите лични долгови и божем сум барал да ги плати муфтиството, многу ниско, многу неморално и нечовечки, изјави Ќани Несими, тетовски муфтија.

Неплаќањето на сметките според Несими се случило поради тоа што тој не ја контролира жиро сметката.

-Секоја сметка што доаѓа кај нас е платена, но доколку сметките оделе во ријасетот и кај В.Д. предавникот, банката ја блокирала сметката на муфтиството. Тогаш нека оди извршител и нека им ги земе средствата, не ги зема парите ниту на в.д. предавникот ниту на Шаќир Фетаи, тоа се средства на муфтиството на Тетово што ја има узурпирано жиро сметката, изјави Ќани Несими, тетовски муфтија.

Конфликтот меѓу овие две лица започна пред една година. Едниот беше избран за муфтија од ријасетот а другиот од муфтиството, а нејаснотиите продолжуваат и натаму.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наскоро, власта ќе подели седум амасадорски места

Следно

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop