НЕНАМЕРЕН ПРОПУСТ Е ШТО ВО СВП НЕ ЈА ВКЛУЧИВМЕ 95-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕНЦЕНОСЕЦОТ МАТЕЈА МАТЕВСКИ, ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ И ТОЈ ЈУБИЛЕЈ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ТАСЕВСКИ

July 19, 2024
1 min read

Направен е ненамерен пропуст што одбележувањето на 95 години од раѓањето на поетот и академик Матеја Матевски, кој е и лауреат на Златниот венец, не го вклучивме во годинешната програма на Струшките вечери на поезијата, но секако дека ќе го одбележиме и тој значаен јубилеј, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Струшките вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски.

Тасевски попладнево на прес-конференција во Струга најави дека годишнините на двајца истакнати македонски поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски (1934-2006) и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски (1929-2010) ќе се одбележат на Струшките вечери на поезијата (СВП), кое ќе се одржи од 22 до 26 август.

По објавувањето на информацијата, во САКАМДАКАЖАМ.МК реагираше семејството на академик Матевски, дека не е водено сметка за јубилејот од неговото раѓање, а дека дополнително, академик Матевски е и добитник на Златниот венец на СВП.

„Струшките вечери на поезијта со должна почит го одбележуваат ликот и делото на Матеја Матевски. Во рамки на Програмата на Струшките вечери на поезијата за 2019, во предворјето на Св. Софија во Охрид, беа одбележани 90 години од раѓањето на Матеја Матевски, со поетски портрет во негова чест“, соопштија од СВП.

Досега само тројца македонски поети ја имаат добиено оваа престижна награда: Блаже Конески, Матевски и Влада Урошевиќ. Матевски го доби Златниот венец на јубилејното, 50. издание издание на Струшките вечери на поезијата во 2011.

Матевски е роден во Истанбул во 1929 , а почина во 2018.

Како дел од одбележувањето на годишините, на СВП во соработка со Здружението на слепи лица на Општина Велес ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Изборот го подготви професорката Кристина Николовска од катедрата за македоска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агим Красниќи и Сехат Рамадани екстрадирани од Косово во Македонија

Следно

Ракометните младинци со нова победа на ЕП, сега над Унгарија

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop