Нема зголемена радијација во Трубарево по пожарот – соопшти ИЈЗ

September 15, 2025
1 min read

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека нема отстапувања од нормалните референтни вредности на радијацијата во почвата и воздухот по пожарот што се случи во Трубарево.

Според ИЈЗ, во текот на вчерашниот ден е испратен обучен експертски тим за вонредна контрола во засегнатото подрачје, кој земал примероци од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност и за физичко-хемиска анализа.

Резултатите покажуваат дека воздухот и почвата се во нормални вредности, без отстапувања. Во примероците од вода нема одстапувања во однос на тешки метали, иако е забележан индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода, кои потекнуваат од други извори.

Резултатите од мострите за радијација во вода и за присуство на тешки метали во почвата ќе бидат достапни утре. ИЈЗ продолжува да соработува со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции за континуирана контрола на состојбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руски разузнувачи: ЕУ подготвува „српски Мајдан“, ќе се обидат да го искористат 1 ноември

Следно

Меџити донесе итна мерка за затворање на депонијата во Никуштак

Latest from Blog

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop