Нема термини за прегледи за рак на дојка-во услови кога драматиен е порастот токму на рак

October 26, 2024
2 mins read

Нема термини за пациентки кои имаат симптоми на рак на дојка, некои пак не се појавуваат на веќе закажани прегледи.. Здравствените работници реагираат, потребни се велат, законски измени.

 

„Според лекарите има многу проблеми, сето тоа може да се реши, но во истото треба да помогнат и оние пациенти кои закажуваат термини. Дел од пациентките кои закажуваат, лекарите велат, немаат реални симптоми.“

Во закажувањето согласно патеката на Министерството за здравство, треба да има и временска димензија. Ако има клинички симптоми, треба во рок од две недели, пациентката да може да закаже. Лекарите тврдат дека се прават злоупотреби од страна на голем дел од пациентките.

 

„Патеката има точно поделено жени со симптоми, жени оперирани или жени без симптоми. Жени со симптоми, досега за година дена ниту една немала реални симптоми, се користи за да се дојде побрзо до лекари. Тоа не е медицина. Ние сме таму за пациентите, за жените. Нам ни треба реалната клиничка слика, за да знаеме кога и како да ја усмериме кон биопсија, торакален хирург. Една голема молба, можеби ќе треба да се сменат и некои законски одредби, но пациент кој има закажано термин, а не го откажува, треба да биде со некој вид на надомест. Имаме 25% од жените, не доаѓаат на закажен преглед, а 50% од жените закажани во скрининг не доаѓаат на преглед“, вели д-р Светлана Темелковска-Клиника за радиологија.

Од Иститут за патологија велат дека се трудат најбрзо да ги одговорат наодите кои се испратени кај нив за анализа, не само болести на дојка туку за сите органи и системи.

Во Македонија има мал број патолози, а во моментов има пет специјализанти на Патологија.

„Секаде во светот, не може да се добие термин од денеска за утре. Некогаш пациентите не знаат дека ткивото кое ќе се добие, прво мора да се обработи, во посебни машини, опфаќа неколку процеси. Се прават пресеци кои ние ги гледаме на микроскоп и треба да поставиме дијагноза. Не секогаш на прво гледање може да се постави дијагноза, некогаш се потребни дополнителни боења, за да може да кажеме дали станува збор за рак на дојката или бенигна болест“, вели проф. Магдалена Богдановска Тодоровска-Институт за патологија, Медицински факултет-Скопје.

Здравствените власти со став дека не е проблемот во брзото читање, туку во брзото стасување на снимките. А најмногу се чекаат снимките кои се испраќаат од внатрешноста кон Скопје.

„Тие снимки, бидејќи немаме дигатално поврзување во Националниот систем, директно на дигиталната мамографија, со другиот дигитален мамограф, се бориме со време. Постои димензионирано време дека снимките доцна стигнуваат, снимките потоа треба да бидат преработени од страна на друга институција која треба да врши снимање. Тука треба државата да излезе во пресрет за што е можно побрзо набавка на овој систем“, вели Елена Ристевска-Министерство за здравство.

Кај нас се’ уште нема механизам да се казни, на некој начин, пациент кој откажал преглед. Според здравствените работници, не може една држава да си дозволи да има  опортунистички скрининг. Пациентките ќе треба да се навикнат на тоа дека не се оди на лекар секогаш, туку кога сериозно има клинички знаци. Здравите жени одат во скрининг програмите кои се закажуваат на интернет, телефон или кај матичен лекар. Женте со симптоми или оперираните пациентки мора да имаат слободен термин во системот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМФЛ: Нови победи на Македонија ЃП и Брегалница

Следно

Членовите на комисијата за помилување си поднесоа колективна оставка

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop