„Нема миграција од Ерусалим на кое било друго место“, одговори Хамас на планот на Трамп за депортација

February 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Хамас го повика целиот свет, истакнувајќи дека нема да има миграција од Ерусалим на кое било друго место и дека ова е нивниот одговор до американскиот претседател Доналд Трамп и сите оние кои го поддржуваат неговиот пристап, известува Анадолу.

Во писмената соопштение објавено на профилот на Хамас платформата за социјалните мрежи Телеграм, се наведува дека ослободувањето на шестата група израелски заробеници зависи од преговорите и прекинот на огнот и дека нивното ослободување не е можно надвор од овие услови.

Во соопштението се нагласува дека сликите од гужвата што ја создале насобраните луѓе во Ерусалим, џамијата Ал Акса и за време на процесот на предавањето на израелските заробеници се црвената линија против поддржувачите на окупацијата и окупаторите, и се додава:

„(За време на размената на затвореници) Нашиот народ, нашата нација и слободните народи ширум светот гледаат сцени полни со моќ, гордост и сцени исполнети со гордост поради реализацијата на чесниот договор за размена што претставува интеграција на отпорот заедно со народот.

Покрај тоа, во соопштението се наоѓа и изјава која беше користена на платформата поставена за време на размената на затворениците: „Ние сме војници. Еј Ерусалим, биди сведок дека сме посветени на договорот, дека сме одлучни на бојното поле и дека напредуваме на патот кон ослободувањето без повлекување или запоставување“.

На крајот, во соопштението се истакнува следново:

„Му велиме на целиот свет: Нема миграција од Ерусалим на кое било друго место. Ова е нашиот одговор на сите повици за раселување и ликвидација што ги покрена (американскиот претседател Доналд) Трамп и колонијалните и окупаторските сили кои го поддржуваат неговиот пристап.

– Планот на Трамп да ја „преземе“ Газа и насилно раселување на Палестинците

Трамп на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого го прими во Белата куќа, рече дека САД ќе го преземат Појасот Газа.

Истакнувајќи дека Газа сега е област која е целосно уништена, Трамп тврди дека ќе биде многу подобро за Палестинците од Газа да одат во нови населби што ќе се градат во соседните земји, особено во Египет и Јордан.

Трамп тврдеше и дека Палестинците немаат друг избор освен да ја напуштат Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Следно

Луѓето се изненадени кога ќе ги видат сестрите со различна боја на очите

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop