Нејасен епилогот за член на ДИК – Касами: Се обидуваат да го игнорираат ова право на опозицијата

December 20, 2023
1 min read

реклама


Испразнетото место за член на ДИК продолжува да биде под знак прашалник. Албанската опозиција бара нивниот кандидат да биде прифатен, а го обвинуваат првиот човек на Собранието Талат Џафери дека намерно испратил барање за предлагање кандидати до сите опозициски политички партии. Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, се сомнева дека парламентарното мнозинство се обидува преку партиите, како што ги нарекува сателити, да ја спречи опозицијата да има свој претставник во ДИК.

„Претседателот на Собранието и мнозинството се обидуваат да го игнорираат оваа право на опозицијата. Секако дека ќе се создаде многу длабок дисбаланс. Сметаме дека оваа право мора да се исполни бидејќи законот е јасен и тоа го кажува и самиот претседател на Собранието, кој не испратил барање до АА. Но истовремено испратил барање до две партии кои не беа дел од последните парламентарни избори, а тоа што го бара законот е многу дециден“, вели Биљал Касами.

реклама

Касами најави дека нема да дозволат да се оди на избори без комплетирана ДИК. А премиерот Ковачевски, упати повик до Собранието да се почитуваат законите и да се комплетира составот на ДИК.

Инаку, вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека доколку албанската опозиција не добие член во Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече своите претставници од оваа комисија. А АА се уште настојува дека празното место во ДИК им припаѓа на нив со образложение дека другите опозициски партии веќе имаат нивни претставници во ДИК.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Северна Македонија се одржа програма по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик

Следно

Уставниот суд суд донесе одлука: Во матичните книги не смее да стои националноста

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop