Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки

September 1, 2024
1 min read

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите. 

– Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата, СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно, вели Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.

Посочува дека основната плата без додатоци во основното образование е околу 33.500 денари, а во средно 34.600 денари.

– Тоа се основните плати кои се релативно ниски во однос на другите плати и во регионот, а и во однос на други дејности на некои други дејности кои отстапуваат од дејноста образование, така што сметаме дека како важна гранка во општеството вработените во образованието треба многу многу повеќе да имаат плати, вели Неделков.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Пронајдени остатоци од исчезнатиот хеликоптер и 17 тела

Следно

Ердоган најави изградба на сопствен ПВО систем – ако Израел има „Железна купола“, ние ќе имаме „Челична купола“

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop