Ердоган најави изградба на сопствен ПВО систем – ако Израел има „Железна купола“, ние ќе имаме „Челична купола“

September 1, 2024
1 min read

Турција ќе создаде сопствен систем за противвоздушна одбрана „Челична купола“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Се надеваме дека ќе го реализираме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти. Ако Израел има „Железна купола“, тогаш ние ќе имаме „Челична купола“, рече Ердоган во говорот за време на церемонијата на дипломирање во Академијата на воздухопловните сили.

Ердоган, како што пренесува Анадолија, особено го нагласи напредокот што го постигна Турција во областа на производството на беспилотни летала.

-Импулсот што го постигнавме во секторот на беспилотни летала со завист го следат не само нашите пријателски и братски нации, туку и целиот свет, рече тој.

Ердоган ја повтори посветеноста на Анкара за натамошно зајакнување на туските воени капацитети.

-Работиме на производство, развој и набавка на сè што бара нашето воздухопловство, од проектили до системи за противвоздушна одбрана, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Турција е особено посветена на производството во одбранбената индустрија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки

Следно

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА СДСМ: Филипче нема поддршка од работниците, едвај собра 40 луѓе

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop