„Не знам да го направам“ или „Не можам“ се зборови кои еден директор на фотографија никогаш не би му ги рекол на режисер, вели Анастас Мичос, кинематографер од САД

September 27, 2023
1 min read

Анастас Мичос, кинематографер од САД, денеска одржа работилница со наслов „Вкус на шампањ со буџет за пиво“, во битолското кино „Манаки“. Мичос во моментов е актуелен по серијата „Cabinet of Couriossities”, а на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе раководи со жирито за студентската програма. Тој денеска пред присутните во публиката кажа дека работел на филмови кои чинат и 100 илјади долари, како и на филмови кои тежеле милиони долари. Претстави и кинески фенер, со помош на кој снимал филмски сцени .

„Ова е една од моите омилени алатки. Тоа е фенер кој е многу едноставен, може било каде да се носи. Користен е за прекрасни филмови во последниве години. Не се работи за тоа колку скапа опрема имаш, туку што можеш да направиш со она што ти е достапно и на располагање. Првото нешто што јас го правам, е она што е речиси бесплатно“, рече Мичос.

Кога буџетот за филм е мал, според него, неизбежно е да се направи нешто од ресурсите кои се на располагање.

Светлото во фенерот е „меко“. Ми се допаѓа бидејќи едната половина е обоена во црно, па по потреба можам да користам помалку или повеќе светло. Не ми се допаѓа светлото од сијалиците“, додаде Мичос.

Тој прикажа неколку сцени од различни филмови, објаснувајќи какво светло користел во текот на снимањето на истите. Во една од нив снимал со огледало, односно користел рефлектирачка сончева светлина.

Не мора да биде комплицирано за да биде ефектно. Воопшто“, рече кинематограферот.

Тој истакна дека еден директор на фотографија никогаш не би му рекол на режисерот „не знам да го направам ова“ или „не можам да го направам ова“.

Тие зборови не постојат во речникот. Ние сме тука да најдеме начин нештото да успее“, додаде Мичос.

Анастас Мичос има работено на повеќе номинирани и наградувани филмови. Тој е активен член на Американското здружение на кинематографери, на грчкото друштво на кинематографери, како и на Академијата за филмски уметности и науки. Исто така, е предавач и на различни универзитети и работилници низ САД и Европа. Во неговата криера, има работено со Бијонсе Ноулс, Хали Бери, Кирстен Данст, Џулија Робертс, Анџела Басет, Џулијан Мур и многу други.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на иницијативата САД-Јадранска повелба – „Интеграцијата на 3Б во фокусот поради руската агресија врз Украина“

Следно

Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа се број еден приоритет при креирањето политики

Latest from Blog

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална

Коњановски: Битолските училишта подготвени за новата учебна година

Училиштата во Општина Битола се целосно подготвени за утрешниот почеток на новата учебна 2026/2027 година, информираше денеска градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција. Коњановски истакна дека во текот на летниот распуст се реализирале
Go toTop