Диви трки со автомобили на автопат – МВР порачува: Нема толеранција за „љубителите на брзината“

July 21, 2025
1 min read

Дивите автомобилски трки на автопатите во Македонија се веќе вообичаена летна појава. Спортски автомобили, донесени од западноевропски земји, добиваат простор да „горат гуми“ и да постигнат максимални брзини. Сето тоа се одвива организирано преку социјалните мрежи, каде покрај „пилотите“ зад воланот, на видеата може да се забележат и гледачи кои снимаат.

Ова видео што стигна до нашата редакција е снимено во саботата на полноќ, меѓу 19 и 20 јули на автопатот Табановце–Куманово. Но, вакви видеа кружат низ социјалните мрежи и од други градови во земјава. Го прашавме Министерството за внатрешни работи дали случајот е пријавен во полиција и дали патролите на сообраќајната полиција наишле на таква трка, која, според сведоци, траела повеќе од еден час со учество на повеќе возила.

„По пријава до СВР Куманово за одржување на диви трки на автопатот А1 на делницата од Табановце кон Куманово, поточно на крстосницата кај Крива Паланка, Единицата за мобилна безбедност во сообраќајот изврши патрола на наведената делница од 00:40 до 01:40 часот наутро, при што не беа забележани возила поврзани со пријавениот настан на диви трки.“, велат од МВР.

Инаку, годинава полицијата соопшти дека има конфискувано десет возила поради предизвикување преголема бучава и учество во нелегални трки во Скопје. Како што информираше МВР, на булеварот „Трета македонска бригада“ се одржувале т.н. диви трки со автомобили, предизвикувајќи бучава.

Модифицираните возила биле одземени поради сомнеж за технички неправилности, а по проверките од надлежните органи, на возачите им се изречени казни согласно Законот за безбедност во сообраќајот.

Од полицијата велат дека нема да има никаква толеранција за оние возачи кои ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, и дека ќе се преземат мерки против организаторите и учесниците во дивите трки.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган вети поддршка за својот сириски колега, отфрлајќи ја фрагментацијата во Сирија

Следно

„Не успеа договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах“

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop