„Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, превентивна активност на СВР Тетово

October 27, 2023
1 min read

реклама


Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера, стартуваше со практична имплементација на превентивно – едукативниот проект „Не управувај моторно возило без положен возачки испит, почитувај ги правилата и прописите во сообраќајот, заштити се себеси и другите“, а првите активности се реализираа во средните училишта во Гостивар. Со проектот ќе бидат опфатени 11 средни училишта на тетовско – гостиварското подрачје со над  1.500 ученици од втора година.

-На посебни часови, стручно обучени полициски службеници ги информираат, односно, запознаваат учениците со ризиците и законските импликации од управување на возила без претходно да посетуваат теоретска и практична обука и да го положат законски предвидениот возачки испит. Покрај ова, на учениците им се презентираат и основните правила и прописи во сообраќајот, им се даваат совети и препораки, во функција на нивна поголема безбедност како учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

реклама

Носител на проектот е Отсекот за превенција на СВР Тетово, а се планира да заврши до средината на идниот месец. Негова приоритетна цел е да се подигне сообраќајната свест и култура на средношколците, дотолку повеќе, што некои од нив посегнуваат по возилата на нивните родители, пред да го положат возачкиот испит и, да се стекнат со соодветна дозвола за управување.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малолетник украл пари од турист од Сингапур во Скопската чаршија

Следно

Променливо облачно со сончеви периоди

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop