НЕ МОЖЕ ДА СПИЕ, СЛУША ВРИСОЦИ И ИМА КОШМАРИ: Ѓорге Давид по несреќата минува низ пекол, му треба психијатар

January 23, 2024
1 min read

Рок-музичарот и член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, по што една жена го загуби животот.

Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека жената загинала во сообраќајна несреќа кај граничниот премин Табановце. Како што наведуваат, таа била прегазена откако излегла од автомобилот.

На Ѓорѓе Давид веднаш му биле извршени тестови на крвта и било утврдено дека не бил под дејство на алкохол или други опијати. Во овој верижен судир учествувале три автомобили.

Според извор близок до пејачот, тој тешко може да ја поднесе оваа ситуација. Од несреќата тој наводно не може да спие и му е потребна помош од психијатар.

– Ѓорѓе не е добро! Иако физички речиси целосно се опорави, психички воопшто не. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и врисоци, пред очи постојано му се сцени од несреќата. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба психијатар – изјави изворот.

Рокерот моментално не може да ја напушти земјата и му се одземени документите, што дополнително влијае на неговата психа.

– На предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на странски државјанин кој учествувал во тешка сообраќајна незгода кај Табановцe изречени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патни и други исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државата граница и е должен да се пријави во Судот – информираат од Државното обвинителство Скопје.

Потсетуваме дека по несреќата Ѓорѓе Давид потврди дека учествувал во сударот:

-Така е, се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник излегле од населеното место и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила во него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во друг автомобил била згмечена, полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка, за која велат дека наводно и’ е мајка, не била – изјави Ѓорѓе Давид за „Гранд“ ден по несреќата и додаде:

– По несреќата останаа на автопатот, едниот беше на левата лента, другиот на десната, а минута и пол потоа налетав на нив со брзина пропишана со знакот на автопатот и директно ги удрив. Удрив сопатник кој се движеше по автопат со мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла и сè се случи за секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе ми се случеше – изјави рокерот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

13 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“, 11 ЗА „КУТРИТЕ“, МАРГО РОБИ ИЗВИСИ ЗА „БАРБИ“

Следно

Во 2016 година СДСМ не гласаше за Техничката влада

Latest from Blog

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Фото: Барселона Х Промената на стадионот за натпреварот на Барселона против Валенсија (6:0) донесе уште една непријатност. Шампионите на Ла Лига играа пред само 6.000 гледачи на „Јохан Кројф“ во својот тренинг-центар,

Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и

Ќе се отвори „златно доба“ на нуклеарна енергија: САД и Велика Британија со заеднички проекти

САД и Обединетото Кралство во неделата објавија широка серија договори за нуклеарна енергија во кои повеќе водечки американски нуклеарни компании ќе градат проекти во странство. Договорите вклучуваат план за изградба на 12 реактори во Хартлпул со „Центрика“, создавање 2.500

Драма на небото над Хрватска: Авион итно слетал во Загреб откако се појавил чад во кабината

Околу 8 часот наутро, авион на „Еуровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб. Како што потврди за „Дневник.хр“ портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек, екипажот побарал итно слетување откако
Go toTop