Не ги спречи ниту дождот – пензионерите сакаат минимална пензија од 20.000 денари!

October 17, 2023
1 min read

реклама


Пензионерите повторно го блокираа влезот на Тетово. Велат дека не се откажуваат од барањето од линеарно зголемување на пензиите од 3.500 до 5.000 денари и минималната пензија да биде 20.000 денари.

„Ние бараме од 3 500 – 5 000 денари линеарно зголемување за сите пензионери исто и бараме минималната пензија да биде 20 илјади денари. Немаше реакција по протестите и тоа е многу болно за нас да нема никаква реакција. Ние ќе продолжиме до реализирање на нашите барања“, вели пензионер.

реклама

На протест, со истите барања денеска излегоа и пензионерите од Неготино. На градскиот плоштад излегоа, поради како што велат, револтираноста од малите пензии и тешките пензионерски денови.

Од друга страна, Министерството за труд и социјална политика не отстапува од своите ставови. Од таму велат дека нема да преземат никаков чекор што ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и иднината на пензионерите, па линеарно зголемување на пензиите нема да има. За месец септември, пензионерите добија повисоки пензии за 5,3 проценти, според методологијата за усогласување со трошоците за живот.

реклама

 Инаку, во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, од кои над 97.000 имаат пензии до 13.000 денари.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Денес над 1000 жители од три населени места добиваат квалитетна вода за пиење

Следно

Кој правел договор за Кривичен законик?! – Зејди: Болно е, но можеби ќе бидат од корист

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop