НЕ Е МОРЕ ЗА СЕКОГО: Јадранскиот брег танува депонија, Хрватите се очајни

December 7, 2025
1 min read

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање.

Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад отколку остатокот од Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.

За да се справи со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Целта е да се соберат податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да се развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање, што ќе придонесе за значително намалување на отпадот во Јадранот.

Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат и отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа. Целта е активно вклучување на рибарите за поголема ефикасност при собирање, сортирање и предавање отпад.

Sunce исто така спроведува едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе или Роналдо? Еве што мисли Чаби Алонсо!

Следно

ДАРИЈА СЕ ПОРОДОЛА НА 13 ГОДИНИ. Што потоа… “Социјално мрежното воспитување“ уништува генерации

Latest from Blog

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините

ВЛЕН: ДУИ ја загуби довербата од Албанците, предвремените избори ќе бидат последниот удар

ВРЕДИ остро реагираше на повикот на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека и по поразот на локалните избори не презела политичка одговорност. Од ВРЕДИ велат дека
Go toTop