Наводно уапсен синот на Ел Чапо – член на еден од најмоќните картели во светот

January 5, 2023
1 min read

Денешното апсење не е прво за синот на Ел Чапо. Во 2019 тој беше приведен од мексиканските власти, но потоа и ослободен за да се спречи насилство и немири од неговите поддржувачи. По него и неговите браќа трагаат и САД кои нудат награда од пет милиони долари за информација што ќе помогне за нивното апсење

Мексиканските власти наводно го уапсиле Овидио Гузман-Лопез, син на озлогласениот мексикански кралот на дрогата Хоакин Гузман – Ел Чапо.

Апсењето се случило во мексиканскиот град Кулијакан во акција што федералните безбедносни сили ја спроведуваат од денеска наутро.

Информацијата првично ја пренесоа дел од локалните медиуми, а потоа и дел од светски етаблираните медиуми, меѓу кои и „Ројтерс“ кој се повикува на потврда од четири официјални лица во Мексико.

Овидио Гузман-Лопез се смета дека е висок член на картелот Синалоа – еден од најголемите што се занимаваат со трговија со дрога во светот.

Во градот каде се спроведува акција од утрово, пренесуваат локалните медиуми, се слушаат истрели и крадење автомобили. Градоначалникот Хуан де Диос Гамез на Твитер потврди дека федералните вооружени сили од зори ја спроведуваат акцијата и оти тоа предизвикало насилство во градот и во други делови на државата.

„Ги замолуваме граѓаните на Кулијакан да не излегуваат од дома поради блокадите што се случија во различни делови од градот“,

наведе Гамез.

Исто така, според медиумските извештаи, привремено е затворен и аеродромот.

Ова не е прво апсење на синот на кралот на дрогата. Гузман-Лопез беше приведуван и во 2019 година, но беше ослободен за да се избегне насилството и немирите со кои се закануваа неговите поддржувачи.

За високата позиција што ја има синот на Ел Чапо во нарко-бизнисот говори и тоа што американскиот Стејт департмент тврди дека тој заедно со неговиот брат, Хоакин, во моментов контролираат приближно 11 лаборатории за метамфетамин во Мексико кои месечно произведуваат од 1 300 до 2 000 килограми.

Во декември 2022, САД објавија и награда до пет милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на синовите на Ел Чапо – Овидио и тројца негови браќа, за кои се смета дека ги држат командите во картелот.

Нивниот татко се наоѓа во американски затвор каде отслужува доживотна казна затвор откако во 2019 година беше осуден за трговија со дрога и перење пари.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Местото е „црна точка“, голем број граѓани го загубиле животот: Патниците во несреќата кај Велес за среќа се со полесни повреди

Следно

ИМА СМРТНИ СЛУЧАИ: Романија поради грипот е во состојба на епидемиолошка тревога

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop