Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

October 13, 2025
1 min read

Метан – невидлив гас што ја загрева планетата, излегува од пукнатини на морското дно кај Антарктикот, додека областа се затоплува. Нови протекувања, имено, „се откриваат со зачудувачка брзина“, според научниците, што предизвикува стравувања дека предвидувањата за глобалното затоплување можеби биле потценети.

Огромни количини на метан лежат на крајниот југ на планетава, коишто се создале во текот на илјадници години под морското дно. Тој невидлив гас може да истече во водата низ пукнатини, честопати манифестирајќи се како извор со меурчиња што патуваат кон површината. Протекувањата на метан се релативно чести на светско ниво, но пред ова истражување имало само едно потврдено активно протекување на Антарктикот. Малку е познато за овие подводни протекувања, и бидејќи протекувањата на метан на Антарктикот се многу малку проучени, меѓународен тим научници се зафати да ги пронајде и истражи, објави „Си-ен-ен“ (CNN). Новата експедиција е со брод, далечински управувани возила и нуркачи, кои земаат примероци од повеќе точки во Росовото Море – залив во Јужниот Океан, на длабочина до 240 метри.

Научен труд објавен во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications) идентификува повеќе од 40 протекувања на метан во плитките води. Многу од протекувањата се на новопронајдени места. Научниците се загрижени и за можните опасности врз морскиот живот. Иако сè уште не е јасно зошто се случуваат протекувањата, во тек се истражувања за да се утврди дали тие се предизвикани од климатските промени.

– Нешто што се сметало за ретко, сега се чини дека станува широко распространето. На Арктикот – на другата страна на светот, зголемените испуштања на метан веќе се поврзани со потопли температури и зголемување на нивото на морето. Ова би можело да создаде повратни опасности, каде што климатските промени ги поттикнуваат истекувањата на метан, изјави Сара Сибрук, авторка на извештајот и морски научник во истражувачката организација „Наука за Земјата“ од Нов Зеланд (Earth Sciences New Zealand).

Стравот е дека овие протекувања би можеле брзо да ослободат метан во атмосферата, што ќе ги направи извор на загадување за планетата.

– Метанот е вистински непозната работа – тој се крева во атмосферата и не знаеме зошто, рече Ендру Тербер, професор по морска биологија на Универзитетот во Калифорнија и учесник во истражувањето. – Огромните колични на метан на Антарктикот се една од најголемите загрижености. Доколку планетата продолжи да се затоплува, овие истекувања би можеле да се претворат од природна лабораторија во жариште на опасност, рече тој.

Научниците се враќаат на Антарктикот следната недела со цел двомесечна подробна анализа на истекувањата подетално.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: Започна изградбата на спортска сала во Црешево вредна 34 милиони денари

Следно

„Киро Крстески – Платник“ ќе добие нов сјај – проект на Проданоски

Latest from Blog

Д-р Баткоски“ прв во Македонија воведува плазма активација на импланти за побрзо заздравување

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид први во Македонија ја воведуваат иновативната технологија за таканаречена плазма активација на површината на имплантите. Станува збор за напредна постапка што му помага на организмот полесно

Градоначалникот Коњановски: „Големите дела на Манаки се светско наследство“

Денес се навршуваат 62 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите

Израел нападна палестински бегалски камп во Либан, двајца загинати (ВИДЕО)

Според министерството, нападот врз областа е извршен без претходно предупредување. Ова е најсеверниот израелски напад во Либан досега. Израелската војска сè уште не објавила кој бил цел на нападот. 🇮🇱🇱🇧 JUST IN:

Тошковски се огласи по добивањето син

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, стана татко по трет пат. Неговата сопруга се породи вчера, а во семејството пристигна новиот член – син! -Со особена радост сакам да споделам дека вчера
Go toTop