Национална агенција за европски образовни програми и мобилност најавува суспензии на активности заради злуопотреби

April 14, 2025
1 min read

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со соопштение ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија.

Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти,  ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки, меѓу кои:

– Одземена е акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА Интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ фондови со значителна финансиска поддршка во изминатиот период од 132.052,00 евра.

– Започната е постапка кон Европската служба за борба против измами (OLAF) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежите  за сторени злоупотреби на европски средства од истата организација.

Во моментов се постапува преку институционална координација со надлежните органи на национално и европско ниво. Агенцијата останува цврсто посветена на транспарентност, отчетност и доследно спроведување на европските програми согласно највисоките стандарди.   

Од  Национална агенција за европски образовни програми и мобилност изразуваат уверување дека сите заинтересирани страни дека ќе бидат навремено информирани за понатамошниот развој на постапките.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Латушко во Аргумент плус: Бев принуден да ја напуштам мојата Белорусија поради ризикот да бидам убиен

Следно

ФОТО: Мицкоски и делегацијата на посета на величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop