Латушко во Аргумент плус: Бев принуден да ја напуштам мојата Белорусија поради ризикот да бидам убиен

April 14, 2025
1 min read

Павел Латушко од Обединет преоден кабинет на Белорусија во Аргумент плус рече дека бил принуден да ја напушти Белорусија поради тоа што постоело ризик да биде убиен. Тој објасни дека Лукашенко лично му се заканувал.

„Според информациите на ексепртите на ОН повеќе од 600 000 белоруси биле принудени да бегаат од земјата. Јас сум меѓу нив. Бев принуден да ја напуштам мојата земја поради ризикот да бидам убиен. Еден ден Лукашенко лично ми рече, ако ме предадеш ќе те задавам со свои раце. Лукашенко е одговорен за злосторства извршени од него лично, злосторства против човештвото, злосторства на агресија.Осуден сум 18 години во отсутво. Мојата ќерка исто така има кривично дело. Мојот братучед тој е политички затвореник осуден на 6 години“, рече Латушко.

Тој зборуваше и за војната во Украина која според него, нема да заврши се додека Путин не го добие тоа што го сака.

„Имаме невидена ситауција во нашата земја. Има повеќе од 1200 политички затвореници но реално ги има повеќе. Лукашенко одлучи да ги ликвидира сите опозициски лидери. Ги затвори сите медиуми, ликвидираше невладини органзиации. Владее атмосфера на страв. Специјалните служби на Белорусија неколку пати се обидоја да ме убијат на територија на Полска но јас сум оптимист. Знам дека Путин сака да има целосна контрола врз Укриана. Нема да запре додека на ги исполни своите замислени цели“, додаде Латушко.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мотив повеќе: Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат висока премија за елиминација на Арсенал

Следно

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност најавува суспензии на активности заради злуопотреби

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop