Наставничка ги претвора растенијата што ги собира од природата во уметнички дела

March 9, 2025
2 mins read

МЕРСИН (АА) – ЈАКУП САГЛАМ – Ишил Адемоглу, воспитувачка на деца од предучилишна возраст во турски Мерсин, создава уметнички дела со семиња, кора од дрвја, гранки и суви растенија што ги собира, пишува Анадолу.

Работејќи во Основното училиште „Хатиџе Улуг“, 42-годишната Адемоглу израснала со љубов кон природата бидејќи регионот во кој живее е испреплетен со природата.

Адемоглу, која оди на прошетки во природата кога и да има можност, почнала да собира материјали, како што се семиња, кора од дрвја, гранки и суви растенија на кои наидувала при прошетките.

Таа дошла до идеја да ги соедини и дизајнира мали скулптури со помош на материјалите што ги собирала со текот на времето.

Почнала да прави сѐ повеќе скулптури, а делата ги изложи на својата прва изложба минатата година.

Адемоглу посакува да направи изложба и во странство и за таа цел продолжува да создава дела со материјалите што ги собира од природата.

– „Природата е местото каде што заздравувам“ –

Наставничката на деца од предучилишна возраст Ишил Адемоглу за АА изјави дека нејзините скулптури се инспиративни.

Објаснувајќи дека уште од детството се интересирала за растенијата, Адемоглу рече:

„Волшебниот свет на растенијата отсекогаш ме привлекувал, уште од моето детство. Растенијата беа моите играчки. Додека моите пријатели си играа со топка или други предмети, јас играв со растенијата“.

Адемоглу рече дека е во природа секогаш кога има можност за тоа и додаде:

„Не започна со ‘ај да правам скулптура’.“

„Бидејќи растенијата ме фасцинираат каде и да одам, земам семе од некаде, го ставам во џеб, потоа од друго место земам друго семе или парче лист. По извесно време почна да се појавува желба да ги соединам во едно. Почнав да правам мали парчиња. Се разбира, на почетокот не можев да го правам тоа толку професионално.

Додека го правев ова, сфатив дека кај мене се развива медитативен процес. Како што ги испитувам растенијата додека ги допирам кога сум во природа, истото тоа е и додека ги изработувам скулптурите.

Почнаа да ми се отвораат вратите на друг свет. Затоа никогаш не можам да се откажам од ова, ова е место каде заздравувам.“

Адемоглу рече дека почнала да ги истражува имињата на растенијата што ги користи за своите скулптури и како тие се користат во медицината, и рече дека тоа е добро за неа.

– „Сакам мојата работа да инспирира повеќе луѓе“ –

Нагласувајќи дека оние кои ја виделе нејзината работа биле многу изненадени, Адемоглу продолжи со зборовите:

„Ова го доживуваат како рециклирање, но ова не е рециклирање.

Овие материјали веќе спонтано сами од себе се рециклираат во природата. Мојата цел не е да рециклирам, туку да го видам невиденото. Кога ќе забележам дека луѓето откако ќе ги видат овие скулптури, на природата гледаат на поинаков начин, мене ми се случува уште поголемо исцелување. Секој пат ми доаѓа насмевка на лицето додека ги изработувам скулптурите.

Еден мој пријател вели:

„Секогаш кога ми е здодевно, ја отворам твојата интернет-страница. Се разбира, сакам мојата работа да биде инспирација за поголем број луѓе.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот претседател Ал Шара: Безбедносните инциденти на сирискиот брег под контрола

Следно

Мисајловски: Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана, Америка максимално нè поддржува

Latest from Blog

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука
Go toTop