Нашиве и онака се ботови

December 24, 2023
1 min read

Градски советник во јужниот бразилски град Порто Алегре ја избутка првата легислатива во земјата целосно напишана од ЧетГПТ.

Самата уредба била намерно здодевна и лесна за усвојување – предлог да се спречи локалното водоводно претпријатие да им наплаќа на жителите за нови водомери кога ќе им бидат украдени од дворовите.

Порто Алегре живее, поточно се гуши во неефикасност и корумпираност на локалните сервиси додека 36-те градски советници уживаат во улогата да се прават зафатени со важни градски работи.

Во нормална процедура, на 37 годишниот советник Рамиро Росарио и неговиот тим од шест лица ќе им требале денови да го подготват нацрт-законот, со широки дискусии за легалноста на одредбите, десетици паузи за кафе и муабети за фудбал и неколку службени ручеци а некој од нив ќе морал да ја провери и уставноста на предлогот, што не е мала работа со оглед на тоа што уставот на Бразил има 64.488 зборови (пообемни устави се само оние на Индија и Нигерија). Во меѓувреме, ќе требаше да се обратат и до водоводното претпријатие и да побараат мислење и податоци (Росарио неколкупати се има обраќано по други поводи, никогаш не добил одговор).

Наместо тоа, седнал на ЧетГПТ, со една реченица му објаснил што сака и ботот бргу му извадил совршено изработен закон со осум члена, вклучително и клаузула на која Росарио никогаш не помислил: Ако водоводната управа не го замени украденото броило во рок од 30 дена, сопственикот ќе биде ослободен од плаќање на сметката.

„Не знам од каде ги ископа тие 30 дена. Навистина ми даде повеќе отколку што очекував!“ одушевено раскажува Росарио.

Првпат се фасцинирал од ЧетГПТ кога побарал рецепт, набројувајќи со кои намирници располага во кујна и фрижидер (манго, лимета, јаболка, вино….). Добил одличен рецепт а кога дополнително го прашал ботот што да прави со остатокот од виното, овој најдругарски му предложил да го допие.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Притвор за двајца соизвршители во разбојништво во Велес

Следно

Пропалестински демонстранти во Сан Франциско протестираа против израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата
Go toTop