Народно собрание на Република Српска: Судот на БиХ изврши државен удар со пресудата за Додик

February 26, 2025
1 min read

Народното собрание на Република Српска (НСРС) вечерва оцени дека Судот на Босна и Херцеговина изврши државен удар и целосно го урна уставниот поредок на БиХ со тоа што донесе првостепена пресуда против претседателот на РС, Милорад Додик, „врз основа на одлука на неизбран странец, Кристијан Шмит, а не врз основа на закон усвоен од Парламентарното собрание на БиХ“.

По дводневна седница, на која се разгледуваше информацијата за „уништувањето на Уставот на БиХ – мерки и задачи за негово зачувување“, парламентот на РС усвои сет заклучоци, предложени од пратеничката група на владејачката коалиција предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

Парламентот на РС со заклучок ги отфрли и не ги признава одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, а ги прогласи за ништовни сите закони и одлуки на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ, пред сè Високиот судски и обвинителски совет (ВСТС), Обвинителството и Судот на БиХ, како и Агенцијата за истраги и заштита (СИПА).

Собранието побара од Јавното правобранителство на РС да поднесе кривична пријава против сите обвинители од Обвинителството на БиХ и судии од Судот на БиХ, кои постапувале по одлуката на Шмит.

Во заклучоците се осудува постапувањето на Обвинителството на БиХ против пратениците во НСРС, а се најавува и законска забрана за работа на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ на територијата на РС.

Заклучоците стапуваат во сила веднаш, се истакнува во соопштението.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ги повика политичарите во БиХ да се воздржат од провокативна реторика

Следно

ДУИ на линија со Стратегијата на САД за борба против корупцијата

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop