ЕУ ги повика политичарите во БиХ да се воздржат од провокативна реторика

February 26, 2025
1 min read

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, ги повика сите политичари во БиХ да се воздржат од реторика на провокации и дејствија што создаваат поделби, вклучително и доведување во прашање на уставниот поредок, суверенитетот, целовитоста и територијалниот интегритет на земјата.

„Европската Унија е недвосмислено посветена на европската перспектива на Босна и Херцеговина како единствена, целовита и суверена земја“, изјави Сорека, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во БиХ.

Тој додаде дека Унијата, по одлуката на Европскиот совет во март 2024 година за отворање на пристапните преговори, ги охрабрува сите политички актери да се насочат кон европскиот пат во интерес на граѓаните.

Изјавата на Сорека, како што наведува Бета, доаѓа по првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по што тој даде серија изјави со кои ја негира државноста на БиХ, нејзиниот уставен поредок, а истовремено остро ги навреди високиот претставник Кристијан Шмит, Европската Унија и нејзините претставници. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради сообраќајка со жртва пренасочен сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Следно

Народно собрание на Република Српска: Судот на БиХ изврши државен удар со пресудата за Додик

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop