Народниот правобранител влезе во затворот ,,Шутка”

July 9, 2026
1 min read

Народниот правобранител Фатон Сељами денеска влезе во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари, каде што се сретна со раководството на затворот, но и со осуденици кои се жалеа на насилство.

-Народниот правобранител м-р Фатон Сељами, заедно со тимот од Механизмот за граѓанска контрола оствари средба со директорот на КПУ Затвор Скопје г.Бобан Утковски и заменик директорот г.Баки Мустафи. Целта на средбата беше да се добијат подетални информации за текот на вчерашниот претрес од страна на припадници на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Правобранителот Сељами директно разговарал и со дел од затворениците.

-Воедно, Народниот правобранител ги посети и разговараше со дел од затворениците кои беа предмет на претресот. Притоа, акцентот при посетата беше ставен на начинот на кој постапувале припадниците на оваа единица, односно дали при вршењето на претресот биле испочитувани процедурите и стандардите утврдени со актите по кои истата работи, а во насока на утврдување дали имало или не, пречекорување на службените овластувања, односно дали била употребена прекумерна сила.

Во текот на денешниот ден, тимот на Механизмот за граѓанска контрола ќе го продолжи процесот на испитување на случајот, а Народниот правобранител за констатациите по истиот во наредниот период дополнително ќе ја извести јавноста за дејствијата кои ги презел и кои ќе ги преземе во иднина, велат од кај Народниот правобранител.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 21,5 милиони денари промет на Македонската берза

Следно

Падна товарен авион во близина на Пакистан- пронајдени се остатоците

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop