„Нападите во странство мора да прекинат“ – МАКЕДОНИЈА СО 22 ДРЖАВИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ИРАН

June 11, 2026
1 min read

Македонија се приклучи на група од 22 држави кои упатија заедничка и остра порака до Иран, барајќи итен прекин на нападите врз поединци и организации на нивна територија.

Во заедничката изјава објавена на 10 јуни, земјите потписнички ги обвинија иранските разузнавачки служби дека користат меѓународни криминални групи за извршување атентати, киднапирања и активности за заплашување во повеќе земји.

Според документот, ваквите активности биле насочени кон поединци и групи во Европа, Северна Америка и во Австралија. Потписниците оценуваат дека таквите дејствија претставуваат закана за националниот суверенитет и за меѓународните норми.

„Овие акции мора веднаш да престанат“

„Односот помеѓу иранските безбедносни служби и меѓународните и локалните криминални групи е долгогодишен. Нивното користење на овие групи е за жалење“, се наведува во заедничката изјава.

Во документот се осудува и неодамнешниот бран напади во Европа насочени кон еврејски заедници, ирански новинари и интереси на САД. Потписниците наведуваат дека одговорност за дел од тие акции презела групата „Харакат Ашаб ал-Јамин ал-Исламија“, за која тврдат дека дејствува преку посредници поддржани од Иран.

„Обидите за убиство, киднапирање, вознемирување, заплашување или какви било други напади врз луѓе на наша почва го поткопуваат националниот суверенитет и меѓународните норми. Овие акции мора веднаш да престанат“, се додава во соопштението.

Австралија ги прекина односите со Иран

Дополнителна тежина на спорот му даде одлуката на Австралија целосно да ги прекине дипломатските односи со Иран. Канбера го протера иранскиот амбасадор и ја затвори својата амбасада во Техеран.

Австралиските власти ваквиот потег го поврзаа со обвинувањата дека иранските власти директно координирале напади врз синагога во Мелбурн и врз кошер-кафуле во Сиднеј.

Потписница на изјавата се Албанија, Австралија, Белгија, Велика Британија, Бугарија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Ирска, Латвија, Литванија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска и САД.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлината е тивок убиец кој однесе 200.000 животи во Европа – континентот се загрева најбрзо во светот

Следно

Омерагиќ: ТВ Арена Спорт Македонија е силен поттик за македонскиот фудбал

Latest from Blog

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите

Толку и од француското „ЗА“ Инфантино

Според медиумите во Франција, на утрешната седница на управниот одбор на Фудбалскито сојуз и официјално ќе биде повлечена поддршката за нов мандат на актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино. „По состанокот на
Go toTop