Напад во црква во Истанбул: Двајца мажи отвориле оган врз верниците, едно лице е убиено

January 28, 2024
1 min read

Во католичката црквата Света Марија во Истанбул двајца напаѓачи отвориле оган кон верниците, а според првите информации на турските медиуми едно лице е убиено.

Според добиените информации, пукањето се случи за време на неделната богослужба кога две маскирани лица отвориле оган во дворот на црквата.

„За време на пукањето, во црквата владееше голема паника. Во областа се испратени многу полициски и медицински тимови. Напаѓачите побегнаа од местото на злосторството пеш“, пишува „Џумхуриет“.

За нападот зборуваше и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Околу 11:40 часот во кругот на црквата Санта Марија, две лица ги нападнаа верниците во црквата. Тие носеа фантомки. Едно лице за жал почина. Започна енергична истрага за ова прашање. Најостро го осудуваме овој подол напад. Потрагата по напаѓачите е во тек“, потенцираше министерот.

Нападот е осуден и од градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

„Го осудувам вооружениот напад за време на неделната богослужба во црквата Света Марија. Посакувам Божја милост за човекот кој го загуби животот и брзо закрепнување на повредените. Никогаш нема да дозволиме да го уништат нашето единство и мир“, потенцираше градоначалникот на Истанбул.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија

Следно

Четири лица загинаа од истрели во Лос Анџелес, САД

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop