„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

1 min read

На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ – од сите регистрирани во 2024 година.

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго.

Извор: kurir.mk

Претходно

НИКОЈ НЕ НИ ПРЕТПОСТАВУВАШЕ ДЕКА ТОЈ ОТКРИЛ УШТЕ НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ: Еве што Џенан Лончаревиќ имаше тогаш отсечно и дрско да одговори за сопругата (ВИДЕО)

Следно

СОНК: МОН да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите

Latest from Blog