Најстудено утрово во Берово, дневните температури од 24 до 29 степени

October 10, 2024
1 min read

Најниска утринска температура од шест степени утрово е измерена во Берово.

Како што информира УХМР,  9 степени се измерени на Попова Шапка, 10 во Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка и Куманово, 11 во Тетово и Гевгелија, 12 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес и Кавадарци, 13 степени во Претор и 14 во Виница и Дебар.

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнало во Лазараполе (шест литри на квадратен метар), 2 во Штип, Охрид, Виница, Прилеп и Крушево и 1 во Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци и Маврови Анови.

Утрово зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел од државата и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 27 степени.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја

Следно

Консензус дека тревата е сина

Latest from Blog

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични

Уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва. Како што дознаваме неофицијално, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра. Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву

Шпанската полиција разби криминална група која шверцувала дрога со хеликоптери

Шпанската полиција во саботата соопшти дека разбила криминална група која користела хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко. Хеликоптерите, кои можеле да носат помеѓу 500 и 900 килограми дрога, прелетале преку Медитеранот
Go toTop