Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови

March 27, 2024
1 min read

 Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во 7:30 часот  измерени се -2 степени Целзиусови, по што следуваат Маврови Анови и Лазарополе со 0 степени, Крушево со два, Берово и Тетово со четири, Крива Паланка, Претор и Прилеп со пет степени. Шест степени измерени се во Скопје, кај Зајчев Рид, Петровец, Охрид, Битола, Виница, Куманово, Велес, Кавадарци, седум во Струмица, осум во Штип и 9 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд – 28 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, по што следат Пожаране со 27, Лазарополе со 26, Дебар со 23, Тетово со 16, Охрид со 10, Попова Шапка со 8, Крушево со седум, Претор шест литри на квадратен метар.

Најмалку дожд или еден литар на квадратен метар наврна во Виница, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Прилеп, а помалку од еден во Штип и Струмица.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува седум сантиметри. 

Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во западните делови проследени со ретки грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Изутринава е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ воведува европски дигитален идентитет за поедноставен пристап до онлајн услуги

Следно

Се проверува ли добро колку опасни пестициди се користат во земјоделието?

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop