Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Дебар, најстудено на Попова Шапка

November 9, 2023
1 min read

реклама


 Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 41 литар на квадратен метар наврна во Дебар, по што следат Маврови Анови со 34, Попова Шапка со 31, Претор со 26, Охрид со 25, Куманово со 24, Скопје, кај Зајчев Рид и Пожаране со 22. 

Како што информира утрово УХМР, во Крушево наврнало 21 литар на квадратен метар, во Тетово 20, во Скопје, кај Петровец 16, Прилеп и Виница 13, Тополчани 12, Крива Паланка 11, Битола десет, Лазарополе девет, Дојран и Ѓуриште осум, Штип и Велес шест, Демир Капија и Берово пет, Струмица три и во Гевгелија еден литар на квадратен метар.

реклама

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Според УХМР најниска температура до 7:30 часот е измерена на Попова Шапка – 3 степени, во Крива Паланка, Берово и Лазарополе нула степени, во Маврови Анови еден, Крушево два, Охрид и Претор три степени, во Прилеп, Штип, Демир Капија и Виница четири, во Тетово, Струмица, Дебар и Куманово пет, во Скопје, кај Петровец, Зајчев Рид и Кавадарци шест, Велес седум, Битола и Дојран осум и во Гевгелија 10 степени. 

реклама

Во текот на ноќта во поголем дел од земјава времето беше ведро, а во западните делови се задржа облачно. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

реклама

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО предупредува на ризикот од ширење болести во Газа во услови на опсада и конфликт

Следно

Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop