Најмалку еден убиен и двајца ранети во денешните руски ракетни напади врз Киев

January 26, 2023
1 min read

Според извештаите што ги пренесува „Гардијан“, вкупно 30 проектили биле истрелани од руска страна кон цели во Украина, од кои дел и врз главниот град Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, утрово соопшти дека најмалку едно лице загинало, а две се повредени по најновиот бран на руски ракетни напади во Украина, јавува „Гардијан“.

Илустративна фотографија/Фото: Архива

„Како последица на удар на ракета, која погоди зграда во областа Холосивски, во моментов има информации за еден загинат и двајца ранети. Повредените лица се хоспитализирани од медицинските екипи“,

напиша Кличко на Телеграм.

Според извештаите што ги пренесува британскиот весник, вкупно 30 проектили биле истрелани од руска страна кон цели во Украина.

„Очекуваме повеќе од 30 проектили, кои веќе почнаа да се појавуваат на различни територии“,

изјави портпаролот на украинската војска Јуриј Игнат.

По него, со тврдења дека украинската противвоздушна одбрана соборила 15 крстаречки ракети кои се движеле кон Киев, излезе друг претставник на властите на земјата.

Тишината на студеното и снежно утро во Киев беше прекината во 10:06 часот по локално време, кога силни експлозии одекнале во близина на главната железничка станица.

Дека имало повеќе експлозии, на Телеграм објави и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, информираше дека системите за воздушна одбрана на Украина утрово собориле неодреден број руски ракети.

Гувернерот на регионот Миколаев, Виталиј Ким, во објава на Телеграм информира дека два проектила биле забележани над територијата на овој регион.

Поради ризик од ракетните напади, најголемиот украински производител на електрична енергија објави дека врши вонредни исклучувања на електропреносната мрежа во Киев, остатокот од Киевската Област и областите Одеса и Днепропетровск.

Во текот на ноќта украинската армија објави дека противвоздушната одбрана ги соборила сите 24 руски беспилотни летала кои биле лансирани во синоќешниот напад на Украина.

Руските ракетни нападни врз цели во Украина доаѓаат еден ден откако САД и Германија соопштија дека ќе испратат тенкови „абрамс“ и „леопард 2“ како поддршка на Киев во војната со Русија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопјанец осомничен дека тешко повредил жена и ја држел заклучена

Следно

Италија: Запленети 250 милиони евра и уапси 56 припадници на мафијашкиот клан „Ндрангета“

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop