Најмалку 40 загинати во експлозија во Пакистан

July 30, 2023
1 min read

Експлозија се случила за време на подготовките за јавен политички митинг во северозападен Пакистан, објавија полицијата и локалните медиуми. Медиумите информираат и дека причина за експлозијата најверојатно е бомба

Фото: ЕПА

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во експлозија за време на подготовките за јавен политички митинг во северозападен Пакистан, објавија полицијата и локалните медиуми. 

„Експлозијата се случила околу 17:00 часот по локално време, еден час пред почетокот на настанот во племенскиот кварт Бајаур, кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан“,

соопшти полицијата.

Медиумите информираат дека причина за експлозијата најверојатно е бомба.

Собирот го организираше Џамијат Улема Ислам (ЈУИ), коалициски партнер во Федералната влада. Здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи неколку лица меѓу повредените се во критична состојба.

Локалната телевизија „Samaa News“ објави видео од членовите на ЈУИ и спасувачите како ги носат телата и повредените во возилата на брзата помош додека чад се шири низ областа.

Фото: EPA-EFE/RESCUE 1122 HANDOUT

Не се познати детали за причината за експлозијата, четврта за помалку од три недели во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но локалната фракција на таканаречената група „Исламска држава“ неодамна изврши напади против оваа партија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите од ДУИ поднесоа оставки: Важат од моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени

Следно

Атлетико Мадрид го победи Европскиот шампион (ВИДЕО)

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.
Go toTop