Најмалку 25 лица загинаа откако израелските воени авиони срушија зграда во Беит Лахија во Газа

December 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 25 лица загинаа кога израелските воени авиони погодија и разрушија населена зграда во Беит Лахија во северниот дел на Газа, изјави денес локален извор, јавува Анадолу.

Очевидците соопштија дека напорите за потрага по преживеаните под урнатините на зградата сѐ уште се во тек.

Израел од 7 октомври започна голема копнена операција во северниот дел на Газа за да го спречи прегрупирањето на палестинската група на отпорот Хамас. Палестинците, сепак, го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш, во областа речиси и да не е дозволена хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво, оставајќи го најголемиот дел од населението таму – во моментов се проценува на 80.000 – на работ на глад.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш во северниот дел на Газа се убиени повеќе од 2.700 Палестинци.

Од почетокот на израелските напади од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, убиени се повеќе од 44.400 луѓе во Газа, а енклавата сега е непогодна за живеење.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) на 21 ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дамева поднесе неотповиклива оставка, нејзиниот мандат секако завршува за една недела

Следно

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop