НАЈЛОШО Е КОГА ФИЛМОТ ГИ ОСТАВА ГЛЕДАЧИТЕ РАМНОДУШНИ, ВЕЛИ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПРЕД ДОМАШНАТА ПРЕМИЕРА НА „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА СИНЕДЕЈС

July 18, 2023
2 mins read

По неколку снимени играни и анимирани кратки филма, Гоце Цветановски е пред македонска премиера на својот прв долгометражен игран филм „Бизнисот на задоволството“, со кој вечерва се затвора 22. издание на фестивалот на европски филм Синедејс.

„Бизнисот на задоволството“, кој неодамна беше прогласен за најдобар филм на фестивалот „Во палатата“ во Софија, е политички трилер кој следи новинарка (Слаѓана Вујошевиќ), која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени. Во филмот играат и Муса Исуфи, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а директор на фотографијата е Фејми Даут, за кого ова е прв игран филм по работата на наградуваниот документарец „Медена земја“.

Главната актерка Слаѓана Вујошевиќ помладата публика ја знае како гласот на анимираниот лик Биби (Фото: М. Угарковиќ)

  • Филмот се снимаше на врвот на ковид пандемијата пред речиси три години. Какво е чувството конечно да се прикаже пред домашната публика, особено имајќи предвид дека ви е прв?

– Како уметник, секогаш имам трема пред публика, без разлика дали е домашна или странска. Соголуваш дел од твоето срце пред светот, го оставаш тоа парче душа да стои како отворена рана, за секој што ќе помине по желба да стави мелем или сол, кој како милува. Едноставно, го оставаш на милост и немилост, со надеж дека публиката ќе биде задоволна, но и дека ќе размисли околу прашањата кои ги поставуваш. Секој гледач еднакво го ценам, без разлика дали му се допаднал филмот. Дали делото има трајна вредност, тоа ќе покаже времето, но она што според мене е најважно е како публиката реагира. Доколку гледачите барем еден ден размислуваат и дебатираат откако ќе го погледнат филмот, ако им останат слики или реплики, тогаш целта е постигната. Она од што најмногу се плашам е рамнодушност. Ако филмот не успее да ги допре гледачите, барем малку да ги разбуричка, тогаш сметам дека не сум ја завршил работата како што треба. Од друга страна, можеби е нескромно, но очекувам филмот да ѝ се допадне на публиката. Во мојата, а и во поновите генерации на македонски филмски автори е видлива амбицијата да се поврземе со гледачите и да им ја вратиме желбата да гледаат домашни филмови.

„Бизнисот на задоволството“ е политички трилер кој следи новинарка која се обидува да разоткрие мрежа на трговија со жени. (Фото: М. Угарковиќ)

  • Филмот се опишува како политички трилер. Колку се разликува жанровски и стилски од она што вообичаено се снима во Македонија?

– Да речеме дека засега нема многу политички трилери, но ме радува дека тоа се менува. Во последниве години имаме голема диверзификација на обработувани теми и жанрови и се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Во однос на стилот, мислам дека тоа што најмногу го разликува ‘Бизнисот на задоволството‘ од повеќето македонски, па и балкански филмови е третманот на боите, локациите и костимографијата. Уште од самиот почеток јасно ми беше дека сакам да снимам филм кој изгледа богато и современо. Филмот користи силни сатурирани бои, а локациите и костимите изгледаат како да сме во 21. век. Намерно избегнував снимање на познати локации, бидејќи сакав да раскажам приказна која може да се случи каде било и кога било.

  • Се бавите со многу сериозна тема, но каков филм може да очекуваат гледачите?

– Малку е тешко да се зборува за сопствена креација, посебно за мене кој сум секогаш самокритичен и се фокусирам на недостатоците, за наредното дело да биде уште поквалитетно. Како и во секоја прилика, би сакал да се заблагодарам на сите креативни и посветени професионалци без кои овој филм немаше да постои и на Агенцијата за филм за довербата и поддршката. Мислам дека без разлика на нивните очекувања, поголем дел од публикумот ќе биде пријатно изненаден од филмот и со нетрпение очекувам критики и коментари.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо: Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена

Следно

При пад на мал авион загинаа 5, а повредени се 8 лица во Полска

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони
Go toTop