„Најдоброто“ за Путин: Mожните придобивки на Кремљ од нападот на Иран врз Израел

April 16, 2024
5 mins read

По неколкучасовен молк по невидениот напад на Иран со ракети и беспилотни летала врз Израел, Русија ја објави својата прва формална реакција. Министерството за надворешни работи ја изрази, како што рече, „екстремната загриженост“ на Москва поради „последната опасна ескалација во регионот“.

Можеби има одредена вистина во таа изјава, бидејќи аналитичарите велат дека војната од целосен обем на Блискиот Исток нема да биде во интерес на владата на претседателот Владимир Путин. Засега, сепак, се чини поверојатно дека Кремљ е ентузијаст за развој на ситуацијата, со кој Путин може да „игра“ на неколку начини, повеќето од нив директно поврзани со руската војна против Украина.

„Навлегувањето на Блискиот Исток на непозната територија е најдоброто што може да му се случи на Путин сега“, напиша на платформата X, Хана Ноте, висок соработник за Програмата за Европа, Русија и Евроазија во Центарот за стратегиски и меѓународни студии, со седиште во Вашингтон.

Еве зошто:

Како прво, тоа го одвлекува вниманието од војната во Украина во клучен момент кога Киев се соочува со големи предизвици на линијата на фронтот, кои би можеле да се влошат во следните недели и месеци, а Русија ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата со обновен интензитет и бомбардира градови вклучувајќи ги Харкив и Одеса.

Избувнувањето на израелската војна против Хамас, која е означена како терористичка група од Соединетите Држави и Европската Унија, веќе ги комплицираше глобалните перцепции за војната во Украина и ги збуни напорите на Западот да ја поддржи нејзината одбрана од руската инвазија. Новото разгорување на Блискиот Исток (прв пат Иран отворено и директно го нападна главниот непријател Израел или обратно) може да го влоши тој проблем за Киев.

„Шанса за предизвик“

За Кремљ, потенцијалните придобивки што ќе се искористат од нападот на Иран врз Израел се и широки и сосема специфични. За повеќе од две години откако ја започна целосната инвазија на Украина, тој сè повеќе ја прикажува тамошната војна како дел од пошироката конфронтација во која, како што тврди тој, Русија се брани себеси и остатокот од светот од Западот, особено од Соединетите Држави.

Наспроти таа позадина, нападот на Иран врз Израел може да игра улога во пропагандата на Кремљ, давајќи и на Русија нов материјал што може да го користи за да влијае врз јавните наративи за војната во Украина и нејзината пресметка со Западот.

„Постои одредена перцепција меѓу државите на оската – Русија, Иран, Северна Кореја и Кина, дека Западот е ослабен. И дека американските ставови и политики повеќе не можат да ја гарантираат безбедноста на нејзините сојузници“, изјави Ихор Семиволос, директор на Центарот за блискоисточни студии во Киев, за Current Time, сервисот на руски јазик на РСЕ во соработка со Гласот на Америка.

Како резултат на тоа, иранскиот напад им дава на Русија и на истомисленичките држави „шанса да го предизвикаат овој униполарен свет за кој Путин, кинескиот претседател Кси Џинпинг и иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи зборуваа многу“, вели тој.

Нестабилноста на Блискиот Исток „го оттргнува вниманието и ресурсите на Западот од Украина и источното крило на НАТО, генерира несигурност меѓу регионалните сојузници на САД и дополнително поттикнува поширока, глобална перцепција дека Западот не може да го смири регионот“, изјави Ноте за РСЕ.

„Накратко, таквата нестабилност ја поттикнува глобалната перцепција дека војната во Украина е уште една војна меѓу многуте, еден проблем меѓу многуте – перцепција која Кремљ може само да ја цени“, вели Ноте.

Во пракса, низата проблеми и самиот напад би можеле да го разводнат случајот за помош на Украина, поткопувајќи ги аргументите на поддржувачите на таквата поддршка.

Облаци во Конгресот?

Конкретно, иранскиот напад врз Израел дополнително ја замаглува иднината на долго одложуваната американска помош за Украина – а за Киев, се чини дека тајмингот не може да биде полош.

Речиси шест месеци откако американскиот претседател Џо Бајден прв предложи пакет кој вклучува повеќе од 60 милијарди долари главно воена помош за Украина, како и помош за Израел и други цели, актуелниот претседател на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, посочи на на крајот на март дека ќе се обиде да обезбеди поддршка за Украина во наредните денови или недели.

Сепак, не беше јасно што точно ќе предложи, колку тоа ќе се разликува од нацрт-законот што беше усвоен со двопартиска поддршка во Сенатот во февруари и дали напорите за обновување на американското снабдување со очајно потребно оружје за Украина може да го надминат отпорот од цврстиот противници на помошта за Киев во сопствената партија.

Сега можеби è уште помалку јасно: неколку часа по иранскиот напад во текот на ноќта врз Израел на 14 април, Џонсон рече дека ќе се обиде да го изгласа законот за помош за Израел оваа недела, но изгледаше внимателен да избегне да прецизира дали неговиот предлог ќе вклучува помош за Украина. Така, додека Џонсон посочи дека ја поддржува помошта за Украина и додека нацрт-законот само за помош на Израел може да пропадне, иранскиот напад може да резултира со дополнителни одложувања во Конгресот.

Исто така, постои можност тоа да го забрза усвојувањето на помошта за Украина, но само ако се вклучи поддршката за Киев и ако законот се усвои брзо.

Барање дисбаланс

Без оглед на исходот од расправијата околу помошта во Соединетите Држави, Путин може да го гледа иранскиот напад врз Израел како шанса за зголемување на влијанието на Москва на Блискиот Исток, што драстично пресуши по распадот на Советскиот Сојуз.

Војната на Русија против Украина ги заостри нејзините врски со Иран, кој го поддржа нападот обезбедувајќи беспилотни летала за напад и технологија за нивно производство, но Путин со години им се додворува на регионалните непријатели на Иран, вклучително и Израел и земјите од Персискиот Залив, како и Саудиска Арабија, како дел од неговите напори да го зголеми влијанието на Москва на Блискиот Исток и да го намали влијанието на САД.

Кремљ може да се надева дека и покрај начинот на кој остриот пресврт на Техеран и неговиот одговор на војната меѓу Израел и Хамас им наштети на односите со Израел, повеќекратните врски на Москва на Блискиот Исток би можеле да и дадат значителна регионална улога во наредните месеци или години.

„Бидејќи Русија е сè поблизок партнер на Иран, Кремљ би можел… да пресмета дека со зголемувањето на скалата на ескалација на Иран, сопствената вредност на Русија за влијание врз земјите од Персискиот залив ќе се зголеми, бидејќи земјите од Персискиот залив би можеле да гледаат кон Москва и Пекинг како кон еднствени играчи со одредена моќ кон Техеран, а со тоа и како соговорници кои би можеле да помогнат во скротувањето на Иранците“, изјави Ноте за РСЕ.

Тоа е класичен пристап за Русија на Путин: да помогне да се создадат проблеми, до еден или друг степен, а потоа да се понуди помош за нивно решавање и тоа на начин што ќе му користи на Кремљ.

Како што тоа го направија среде нападот на Хамас врз Израел и како резултат на војната во Газа, аналитичарите од Русија и регионот велат дека Москва не сака сеопфатна војна меѓу Израел и Иран.

„Тоа сценарио ќе донесе значителни ризици за Русија. Тоа би го искомплицирало военото присуство на Русија во Сирија, а силен удар врз Иран може да истроши дел од силата на Москва против Украина“, вели Ноте.

Понатаму, „целосна војна речиси сигурно ќе стави крај на балансирачката улога на Русија во регионот (колку и да е веќе слаба). Тоа би ја принудило Русија да избере страни“.

Иако Москва се приближуваше кон Иран и нејзините поддржувачи откако ја започна целосната инвазија на Украина, сепак рече дека не сака да оди на „сè или ништо“ заедно со Иран.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжува протестот на приватните специјализанти

Следно

„Владата на Нетанјаху е егзистенцијална закана за Израел“, рече опозицискиот лидер Лапид

Latest from Blog

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди. Впрочем, тоа

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме. „Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија,

Панче Тошкоски: Жестоко и сурово ќе одговориме на вакви дејствија што подгреваат меѓуетнички тензии

„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети. -Пошта

Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт преку кој сакаат да дојдат на власт

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ
Go toTop