Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

May 24, 2023
1 min read

Акциите на компанијата „Луј Витон“ паднаа за 5 отсто, а на компанијата „Керинг“, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто

Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки ЛВМХ, Бернард Арно, изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден, пишуваат медиумите. Арно, наводно, ја изгубил таа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите.

Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи. Акциите на компанијата „Луј Витон“ паднаа за 5 отсто, а на компанијата „Керинг“, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто. Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни стоки во САД.

Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра. Разликата меѓу него и вториот најбогат човек во светот, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.

Фото: EPA/MARTIN BUREAU / AFP POOL MAXPPP OUT

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Туркије никогаш нема да направи компромис во борбата против тероризмот

Следно

Барселона двапати по ред загуби во Ла Лига за прв пат од 2021 година

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop